Дејан Драгијевиќ (50) синоќа на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Зајечар признал дека ја задавил Данка Илиќ.
Според информации од српсските медиуми, сослушувањето на Дејан Драгијевиќ траело над два часа. Тој му открил и на обвинителството дека имал помагачи да го извадат телото на Данка Илиќ од депонијата. Рекол дека татко му и брат му му помогнале да се ослободи од телото.
Вториот осомничен, Срѓан Јанковиќ се брани со молчење иако наводно два или три дена по убиството на девојчето дознал дека телото е преместено.
Извор: НОВАТВ