ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Сега е официјално: Промоцијата на новата книга од Бранко Тричковски ќе се одржи на 12 април!

Промоцијата ќе се одржи на 12 април, петок, во Домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците) со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.

April 9, 2024 11:05
in BREAKING NEWS, ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Неформалните најави за новата книга на популарниот колумнист Бранко Тричковски, автор со кој се гордее Редакција Фронтлајн предизвикаа голем интерес во јавноста. Голем број читателки и читатели испратија прашања во инбоксот на редакцијата за насловот, промоцијата, обемот и содржината на книгата.

Сега е официјално!

Новата книга на Бранко Тричковски носи наслов ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ. Таа е во издание на Шорткат продукција, најпозната по електронскиот политички весник ФРОНТЛАЈН, каде што Авторот пишува од првиот ден на основањето на 21 септември 2019 година.

Дали ќе има промоција?

Да! Промоцијата ќе се одржи на 12 април, петок, во Домот на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците) со почеток во 19 часот. Влезот е слободен.

Колкав е обемот на книгата?

Како и претходната книга на Тричковски, се работи за обемно издание. Книгата е на 635 страници!

Дизајнот на корицата е на познатиот ликовен уметник и дизајнер Зоран Кардула. Графичката опрема на книгата е на тимот на Шорткат продукција. На задната корица се поместени три кратки осврти од Сашо Орданоски, Валентин Нешовски и Џабир Дерала (издавач и уредник). Ќе најдете и кратка биографска белешка со фотографија од Авторот што ја направи познатиот фотограф Чедо Поповски. Во подготовката на овој издавачки проект учествуваше целата редакција Фронтлајн.

На промоцијата ќе говорат издавачот Џабир Дерала, универзитетската професорка и колумнистка Емилија Целакоска и поетот Лазар Попов. На промоцијата се најавува и обраќање од самиот Автор, Бранко Тричковски.

Засега толку. Повеќе информации ќе објавиме непосредно пред самиот настан.

Редакција на ПРВАТА ЛИНИЈА

Next Post

Утре јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред

Shortcut

Најново

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

Хуманитарен концерт во Велес „Заедно за подобро утре“

August 21, 2026

ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

August 21, 2026
Министерот за здравство, Сашо Клековски, прес, 21 август 2026 (скриншот од видео на министерството за здравство)

Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk