ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Фридом Хаус: Надежите што се зголемија по соборувањето на Груевски допрва треба да се остварат, судството и понатаму е една од најкритикуваните институции во Македонија

April 11, 2024 13:07
in PMD, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во Северна Македонија, надежите што се зголемија во 2017 година по соборувањето на антидемократскиот премиер Никола Груевски допрва треба да се остварат“, се вели во најновиот извештај на Фридом хаус „Нации во транзиција 2024″, каде земјава е ставена во групата „Циклични хибриди“.

„Ниту Груевски, ниту неговите најблиски соработници не беа изведени пред лицето на правдата за нивните злоупотреби на функцијата пред 2017 година. Уште полошо, со контроверзните измени на Кривичниот законик во 2023 година во процедура во која се користи европското знаменце, се намалија казните за таквите злоупотреби предизвикувајќи да бидат отфрлени знаменити случаи, додека јавноста веќе се оптоваруваше од фатални корупциски скандали во здравствениот сектор“, се вели понатаму во извештајот на „Фридом хаус“, кој се осврнува и на поголемите корупциски скандали во изминатите години како што е скандалот со клиниката на Онкологија, пожарот во модуларната болница во Тетово и други скандали кои предизвикале бес кај домашната јавност.

„За разлика од Украина или Молдавија, Северна Македонија не презеде големи чекори за елиминирање на корумпираните покровителски мрежи, а моќта продолжи да осцилира меѓу коалициите на истата, се вели во извештајот.

„Фридом хаус“ забележува и дека националистичката партија на Груевски ја опструирала работата на парламентот додека била во опозиција и дека сега е фаворит за победа на претседателските и парламентарните избори во 2024 година.

Фридом Хаус забележува дека во Македонија има зголемена политичка тензија меѓу власта и опозицијата поради уставните измени и бугарското вето, но дека таа теннзија почнала уште од усвојувањето на Преспанскиот договор од 2018 година.

Според оценката, Мекедонија е меѓу земјите во кои редовните промени во владејачката елита не носат значајни структурни промени и каде ривалските партии, во кои доминираат личностите или личните определби на нивните лидери, постојано ги политизираат и заробуваат слабите институции. Она што ја отсликува оваа категорија е „комбинацијата на политички плурализам и површни институционални промени“.

Според Фридом хаус земјите со оценка како нашата имаат тенденција да заостануваат во реформите.

„Дефинитивната карактеристика на цикличните хибриди е комбинација на вистински политички плурализам и површни институционални промени. Тие имаат тенденција да заостануваат во однос на реформите насочени кон воспоставување силни бариери помеѓу јавниот сервис и приватната добивка. Затоа е од суштинско значење да се промовираат антикорупциски механизми и судски реформи во овие земји, а процесот на пристапување во ЕУ има важна улога во овој поглед. Ако на граѓаните и на новите влади им се обезбедат алатки и стимулации за темелно искоренување на антидемократските наследства по „пресвртни избори“, цикличните хибриди конечно можат да избегаат од нивните партизирани текови и да направат вистински напредок кон демократска консолидација“, стои во извештајот.

„Слободата на изразување генерално се почитува, но медиумскиот пејзаж останува значително фрагментиран, вклучително и по етничка линија. Новинарите, особено оние кои известуваат за корупција и злоупотреба на власта, продолжуваат да се соочуваат со малтретирање и други предизвици“, се вели во извештајот.

Од оценуваните седум категории нема промени во оценката за пет – национално демократско владеење, изборен процес, граѓанско општество, независни медиуми и локално демократско владеење, а падот се нотира во две категории – судска рамка и независност, и корупција.

Земјите се оценуваат со оценка од 1 (авторитарен режим) до 7 (консолидирана демократија).

Понатаму, во извештајот се посочува дека рејтингот за судска рамка и независност се намали од 3,25 на 3,00 поради лошото работење на Државниот судски совет и наводите за непотизам при именувањата на обвинители и судии. Дополнително, се споменуваат контроверзите околу смената на лидерот на Советот на судии, но и други скандали, како назначувањето на нови обвинители и судии со семејни врски со истакнати политичари ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизам во судството.

„Судството и понатаму е една од најкритикуваните и најнедоверливи институции во Македонија“., се посочува во извештајот.

Збирната оценка за демократија на Македонија се намалил од 3,86 на 3,79. Процентот на демократија изнесува 46,43 проценти.

Според извештајот на Фридом хаус 11 земји се во кaтегоријата хибридни режими, но и тие не се униформни, бидејќи ги карактеризираат разлики. Северна Македонија е во групата циклични хибриди заедно со БиХ, Црна Гора, Албанија и Ерменија, за разлика од Косово, Украина и Молдавија кои се во групата демократизирачки хибриди. Србија, Унгарија и Грузија се во групата автократизирачки хибриди.

Од земјите во регионот Србија бележи најголем пад, како што се наведува поради нефер избори, заробени медиуми, ослабени општински власти и години на поткопување на независноста на судството.

Во извештајот „Државите во транзиција“, во кој се вклучени 29 земји, се наведува дека регионот на Западен Балкан е оптоварен со многу загрижувачки настани и дека регионалната безбедност е изговор за многу политички лидери да ги поткопаат демократските институции и да ги занемарат демократските норми.

Во Извештајот, кој ги разгледува настаните од 2023 година, се констатира дека демократското владеење генерално е во опаѓање веќе 20-та година по ред, при што падот во автократии и хибридни режими е поинтензивен од подобрувањата во европските демократии (од 29 земји во 10 има опаѓање), при што се заклучува дека во регионот на ‘Земји во транзит’  се случува геополитчко престројување, при што земјите се престројуваат во два блока: трансатлантски – продемократски блок, и блок на автократиите кои ја отфрлаат либералната демократија.

М. Д. / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: демократијаИзвештајФридом хаусциклични хибриди

НАЈНОВО

Мицкоски: Стратешкото партнерство носи бенефит за граѓаните – модернизација на железницата од Коридорот 10 и проекти во здравството

May 19, 2025

Поскапуваат горивата

May 19, 2025

Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди евра, а Владата крие детали

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk