ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Сите сме Емел

March 9, 2020 15:22
in ESPRESSO, ДЕНЕС, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Не знам како се случува да бидеме единствени, гласни и, безмалку, хистерични во осудата на антисемитизмот на Тричковски, ризикувајќи во тој чин да ја разоткриеме својата раскошна неписменост, простоќа и глупоќа, а страшната сага на Емел Рамковска да помине низ нашите затапени рефлекси и внимание како што најлесната сандолина минува низ зејтинлестата бонаца на езерото.

Без траги или, речиси, без траги.

Првиот знак дека општеството е болно е стар триесет години, ова би можел да биде знак дека, можеби, му нема спас.

Политичкиот инстинкт ги затна моралните сензори на општеството, а затнатите сензори го ослободија политичкиот инстинкт од сите вредносни ориентации, го направија бескрупулозен, бесчувствителен, предаторски, политичарот го претворија во алкохоличар кој не знае да пие пари од чаша туку пие како стока од кофа. Се разбира, чест на исклучоците. Но, Емел и нејзината фамилија немаа среќа да налетаат на такви исклучоци. Обратно, тие има несреќа да се сретнат со најодвратните егземплари на злото во политиката, односно на политиката како зло, со злото конституирано во режим, со државниот терор како оперативен модел на злото наречено вмро.

Страшната исповед на Емел ја читав во Цивил Меди, со чувства во кои доминираа гневот и срамот. Гневот затоа што жената и нејзините деца и целото семејство биле жртва на систематски, односно организиран, не импулсивен, државен терор, расипан во идејата да го легитимира своето показно насилство низ своите институции, низ приватизираните инструменти на моќта, како правен процес, значи како цинизам на државата кон своите граѓани, а од друга страна како критичен пример на освојување на режимската правдата, но не со прикривање на злото туку со демонстрирање на неговата сила, значи во варијантата во која нема цинизам, туку има гола сила. Само одбивањето на нејзините молби да ги види децата за време на повеќе од двегодишниот притвор и одбивањето на барањата на децата да се видат со мајката, ги содржи и елементите на најодвратниот цинизам и на најбескрупулозната сила.

И тоа е сѐ.

А срамот ме фати затоа што сум дел од општеството во кое била можна ваква тортура. Знам дека ќе звучи малку патетично, но така е. Без адекватни реакции, во тоа сум длабоко убеден. Имаше остри реакции на затворањето на А1 телевизијата, но не се сеќавам дека имаше такви реакции на судбината на луѓето во тој процес. Чесно е да се признае дека тоа беше така делумно, затоа што луѓето веруваа дека осудените имаат некаква вина, делумно затоа што мислеа дека во таквиот однос на силите не им е паметно многу-многу да се пројавуваат, а делумно беше така затоа што многу луѓе посакаа да поуживаат во туѓата несреќа како традиционална македонска олимписка дисциплина.

Второто ниво на срамот ме фати од фактот дека една млада, убава жена, мајка, сама против сите, против идејата и моќта да се тероризира од страна на државата, минува низ тој кордон, низ тој „топол зајак“ на несразмерната употреба на сила, насилство, тортура во однос на делото за кое беше обвинета, со до заби вооружени специјалци, камери, со двегодишен притвор, со насилнички интервенции во самото судење,  како низ монструозна креатура која го дисквалификува самиот предмет, самата инкриминација ја прави не правна категорија туку само како еден сет во драмата што режимот бил наумил да ја сними.

Третото ниво на срамот е затворот од шест години и се што таму и се случуваше на Емел, достоинственото прифаќање на тој дел од животот кака судбина или како несреќа или како немоќ пред големата сила во рацете на злобата и на злото.

Зошто е важно денеска да говориме за овој случај!?

Прво, затоа што тоа е наш морален долг. Низ актуелизацијата на случајот Емел ние се обидуваме да се рехабилитираме како општество и како поединци и истовремено создаваме јавен простор во кој е можна морална, правна и материјална сатисфакција на Рамковска. Државата мора да плати за својот терор, а државните службеници, нарачатели, организатори и извршители, да одговараат. Вториот мотив е Злото кое ја организираше и ја спроведе оваа прошетка на Рамковска низ Македонија како концентрационен логор на вмро. Тоа Зло е живо. И не само што е живо, туку ене го, се нуди да ја обнови Македонија. Емел Рамковска или некоја друга Емел, да ја вратат в затвор, а Чафков да го пуштат. Тоа е, во кратки црти, обновата. Целата режимска злосторничка идеја е непроменета. Не смееме да ѝ дадеме нова шанса. Ова може да изгледа како искористување на судбината на Емел во политички цели, но не е така, ова е заедничка борба на Емел и на сите нас.

Next Post

Двајца американски законодавци во доброволен карантин поради корона вирусот

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk