Грузиската претседателка Саломе Зурабичвили по серија изјави во меѓународниот печат, вчера во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека контроверзниот нацрт-закон за странски агенти е дел од руската „хибридна војна“.
Interview with @cnni News https://t.co/68cCX9w1M2
— Salome Zourabichvili (@Zourabichvili_S) April 18, 2024
Таа смета дека законот за странски агенти е ужасна идеја, истакнувајќи дека истото го покажа и грузиското општество со излегувањето на улица против донесувањето на законот кој таа го нарече „руски закон“
Сега, кога сме еден чекор поблиску до ЕУ, кога до крајот на годината би можеле да имаме отварање на преговорите за интеграција, што е многу значаен чекор, затоа Русија „ја започнува својата хибридна стратегија“ за да ја попречи Грузија од нејзиниот пат кон интеграција во ЕУ, истакна грузиската претседателка и додаде дека на Русија „очигледно и помагаат [грузиските] власти денес“.
Драган Мишев / Цивил Медиа