ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зошто ќе гласам за број „1“ и зошто ваква „исповед“?

April 22, 2024 12:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Ненад Јовановиќ. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ   

Идејата на демократија е вклучување на обичните граѓани во општите работи на земјата во која живеат. Тоа е самиот фундамент на демократијата. Тоа беше мојата sвезда водилка и тоа беше причината зошто се вклучив посредно и непосредно во политика. И јасно зазедов страна. Знам што сакам, знам за кого ќе гласам, знам што не сакам и знам кого нема никогаш да го гласам.

За два ден граѓаните на Северна Македонија со својот глас ќе одлучат за правецот на кој ќе оди земјата, ќе одлучат и во голема мера во каква меѓучовечка атмосфера ќе се живее. Тоа едноставно е неодвоиво едно од друго. Од друга страна, јас се вклучив во расправа за јавните работи изминативе неколку години на мејнстрим медиумите затоа што знаев дека всушност ќе се разговара за иднината на граѓаните и граѓанките. Дури и верував – и сè уште верувам – тоа е прекрасна вештина за важноста на сечиј глас. За жал, со тек на време разбрав дека на медиумската сцена постојат луѓе на кои им е важна многу повеќе личната промоција од јавната расправа за земјата и граѓаните.

Од моето искуство (а, од чие друго?) барем до сега, сфатив дека изминативе години расправав со страшно дијаболични личности, прононсирани националисти, ксенофоби, оние луѓе кои се задоени од „етничките клучеви“, поточно луѓе кои егзистираат во оваа земја со големи ментални решетки. Големи амбиции биле поплочени со големи предрасуди за другите, научија мајчините дека така најлесно се ловат гласови, и кога ова ќе го разбереме, тогаш ќе разбереме со кого ние всушност овде си имаме работа.

Држам до тоа дека улогата на секој просветен граѓанин е да ѝ помогне на демократијата, па дури и преку своите скромни можности. Ми се чини дека во оваа материја помалку сум инволвиран, барем од една проста причина: на овие избори ќе го гласам бројот „1“ на Стево Пендаровски и листата на Социјалдемократите. Тоа ќе го направам со мирно срце и чиста совест. Па, можеби ќе ме научат сите што значи да се биде „аутиран“ гласач на Стево и СДСМ, а можеби и ќе ги слушнат и моите причини зошто ќе го заокружам токму тој број!?

Чинот на моето гласање за бројот „1“ е негласање за ВМРО-ДПМНЕ и таа блокирачка, ксенофобична, хомофобична, националистичка, антиплурална и антидемократска партија. И за ова кое денес го велам не претендирам дека ги имам вистинските аргументи, само се плашам дека „баш и сум во право“.

Имено, ајде најпрво да видиме што имаме за два дена од денес. Избори, а во „нормални“ услови на тие избори ќе се одлучува кој ќе биде власт во земјава, а нејзиниот исход помалку или повеќе е неизвесен. Не може да кажете „овие ќе ја зголемат својата власт“ или кажете „овие ќе отидат во малцинство“. Напросто, тоа, барем до овој момент не е јасно. И никогаш не било јасно сè додека не се затворат гласачките места и пребројат гласовите. До овој денешен исход дојде поради општата декаденција во општеството и апетитите на релативно безвезни кандидати со нивните пајтон-партии на кои идејата им е да го раскрчмуваат пред сè оној демократски и европски блок што го предводат социјалдемократите. „Максимилијан“ е парадигматичен случај, а останатите „персони драматис“ од типот на некаков „Стевчо“ и некаква „Ванковска“ е само последица во низата на декадентност и лудила во постдемократска С. Македонија.

Од друга страна, изборите од 2020 година немаат никаква врска со денешните избори, како што денешните избори немаат врска со локалните избори на кои ВМРО-ДПМНЕ „собра“ сè. Ќе ми дозволите објаснување: 1) Заев до 2021 година беше дивјачки сатанизиран од медиумската олигархија. Што тука не е точно? Сè е точно. Јас лично мал дел од таквата сaтанизација ја исконзумирав на својот грб; воопшто не беше весело, пробајте, ако можете? Некој може да рече, „а кој те тераше“? Никој не ме тераше, ми здосади да ги слушам куририте и оние фамозни водители на телевизија Алфа и слични опскурни морони. Не можев да поднесам тие да бидат единствениот глас во „испразнетата суштина“ на оваа земја. Тоа што се појавив на мејнстрим медиуми (речиси на сите!) – и ги собрав најголемите цифри на гледаност (има сведоци, луѓе кои се занимаваат со телевизиски прегледи, прашајте ги нив!) не беше заради моја лична амбиција, потрага по функција (каде ми е амбицијата, а каде ми е функцијата?), туку мотивот ми беше чисто граѓански и демократски: вие луѓе не сте добри, го залудувате овој народ од сплетки, спинови и лажни вести. Вие, едноставно, лажете, море!

И под број 2), денес Ковачевски, како до вчера и Заев, работи на исправна политика: ја движи земјата на истиот курс од 2017 година до денес. И не се мрднал ниту за влакно од таквиот правец. Денес СДСМ е единствената сила на мултикултурализам и милтиетничност, сите оние важни граѓански и човечки политики без кои не може една земја да се замисли на патот за Европа. И што тука не е јасно? Јасно е сè. Барем на оние кои не сакаат да се прават дека се паднати од Марс.

На крајот, едноставно мора да бидам повторно личен. Како се ближат деновите за избори, не можам да бидам за ништо друго освен за СДСМ и Стево. А добро, што толку направи СДСМ и Стево за тебе, кога сè уште си сиромашен како црквено глувче? Не, погрешно прашање: има во оваа земја уште многу работа. И ништо не е изгубено. Гласање за СДСМ е „детронизација“ за Орбанова Македонија за која Мицкоски го бара нашиот глас. Е, на тоа не прифаќам! Не дозволувам суверенитетот на мојот глас да отиде во некоја друга земја во која на мира се запишуваат „Будипештанските записи“ (авторот познат на редакцијата). За таа катастрофа која ја растури оваа земја за децении, ја поништи и укина онаа граѓанска, убава и шарена С. Македонија не можам да гласам. Ниту некогаш ќе гласам – ние во оваа земја не сме икебана, некој што ќе им реши сè, а тие со туѓи перја потоа ќе се китат. Јок, море!

И затоа нема да се каам кога во среда ќе го дадам мојот глас за Стево и СДСМ. Ќе ги гласам дури и кога „ми доаѓа понекогаш да ги задавам со голи раце“. Тие се мои луѓе, по сродност и вредност. Не мора да се дружиме и слушаме телефонски. Не мора да играме оро, ама знам, тоа се мои луѓе. А јас од моите луѓе не се откажувам.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: избориНЕНАД ЈОВАНОВИЌПендаровски

НАЈНОВО

Македонија одигра нерешено против Белгија во Скопје

June 6, 2025

Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

June 6, 2025

Синер го победи Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на Ролан Гарос

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk