ЦИВИЛ – Центар за слобода ги набљудува денешните претседателски избори, на првата прес конференција, ЦИВИЛ информира декаод извештаите од терен може да се заклучи дека имаме мирен почеток на денот со помали нерегуларности.
Повеќе од 30 извештаи од набљудувачите низ целата земја, Скопје, Штип, Охрид, Кичево, Струга…
Кршење на изборниот молк, наводи за еден случај на изборна корупција – купување гласови, на едно лице во Куманово му е прекршен правото на глас.
Проблеми со фингерпринт апарати, изборни одбори во Гази Баба, сугерираа за кого да гласа.
Избирачкиот одбор му го забележа ЕМБГ на набљудувачот на ЦИВИЛ.
Партиски набљудувачи се мешаат во работата на ИО.
Релоцирани избирачки места во Струга, нема известување на старото место.
Член на ИО замени партиски набљудувач, евидентира гласачи.
Партиски активисти евидентираат гласачи пред избирачкото место.
Националистички извик…
Преземено: Цивил Медиа