ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи – Европскиот фронт станува голема локомотива за европската иднина на нашата држава, Таравари – не сме одлучиле кого ќе поддржиме во вториот круг

April 24, 2024 23:38
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

Претседателскиот кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата одржа прес-конференција со лидерите на партиите од коалицијата. Османи изјави дека прелиминарните резултати покажуваат длабока победа на Фронтот, наспроти албанската опозиција со над 40 илјади гласа и со победа во речиси сите општини во земјата.

– Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката за Европскиот фронт и за мојата кандидатура. Ова е заедничка победа и оваа победа само докажува дека Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава. Денес Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите докажаа дека тие сами одлучуваат за својата судбина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив. Волјата на народот денеска е јасна и треба да се почитува од сите, истакна Бујар Османи.

Тој нагласи дека резултатите покажуваат на етничка поделеност при гласањето.

– Сè уште има впечаток дека граѓаните повторно не излегле целосно од етничката бариера помеѓу Македонците и другите етнички заедници што зборува сè уште за едно поделено општество, меѓутоа се надеваме чекајќи ги резултатите дека сепак граѓаните ја пратија пораката на заедништво коешто Европскиот фронт ја лансираше за Северна Македонија држава за еднакви можности на сите граѓани, соживот, хармонија и иднина во Европската унија, истакна Бујар Османи.

Тој се заблагодари на сите партии од Фронтот за довербата што ја добил да биде нивни кандидат, а во име на Фронтот на гласачите порача дека нивниот глас е аманет за партиите за идните политики на државата.

Кандидатот за претседател на здружената албанска опозиција „Вреди“, Арбен Таравари вечерва на прес-конференцијата изјави дека во сите изборни единици каде доминираат Албанци, односно во Првата, Втората и Шестата разликата е три-четири илјади гласови.

Претседателскиот кандидат истакна дека се уште немаат одлучено на кого ќе му дадат поддршка во вториот круг. Прашан дали ќе даде оставка доколку изгуби од Османи, Таравари рече да за тоа ќе се разговара во органите на партијата.

– Да завршат прво изборите, следат парламентарните избори. Ова се први избори како претседател на партија, во органите на партијата ќе разговараме за ова, рече Таравари.

Здружената албанска опозиција вечерва на прес-конференција им се заблагодари на гласачите кои го дадоа гласот за нивниот кандидат за претседател Арбен Таравари и очекува на 8 мај на парламентарните избори да ја победат ДУИ.

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 80 проценти од гласовите, односно 2 806 од вкупно 3 508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 282.075 гласови (39,82%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 137.450 гласови (19,42%).

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 101.160 гласови (14,28 %), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 71.633 гласови (10,11 %), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 59.933 гласови (8,46 %), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 30.802 гласови (4,35 %) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 5.321 гласови (0,75 %).

J. Ѓ.

Tags: ОсманиТаравари
Next Post

Првични резултати на ДИК: Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Пендаровски 180.306 (19,93%)

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk