Кралот Чарлс Трети се враќа на јавните должности по позитивниот ефект од лекувањето од рак, пренесе ДПА.
Кралот Чарлс од почетокот на февруари се лекува во дневна болница, а извори рекле дека и покрај добрите вести, кралот сè уште има рак и ќе продолжи да се лекува од болеста за која не се откриваат детали.
Чарлс и кралицата консорт Камила денеска ќе посетат центар за лекување на рак за да се сретнат со медицински специјалисти и пациенти.
Настанот има за цел да ја подигне свеста за важноста на раната дијагноза и да ги истакне иновативните истражувања, поддржани од Cancer Research UK, кои се спроведуваат во болницата.
Британскиот крал Чарлс во јануари помина три ноќи во болница за операција на зголемена простата, при што му беше откриен рак, но не рак на простата.
Откако неговата дијагноза беше објавена на 6 февруари, тој ги одложи сите јавни ангажмани, но продолжи со своите должности како шеф на државата во палатата, со аудиенции и состаноци.