ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Нема влада без двојното мнозинство – апсолутно мнозинство од 61 пратеник плус Бадентерово мнозинство

May 2, 2024 14:19
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот фронт беше и останува најстабилната опција која ја придвижува евроатлантската ориентација на Северна Македонија како единствена патека што води кон безбедна иднина, истакна денеска на прес-конференција Бујар Османи шеф на дипломатијата и портпарол на ДУИ, која го предводи Европскиот фронт.

Тој обвини дека наспроти ВМРО-ДПМНЕ и нејзините сојузници кои секојдневно рециклираат националистички тези, флертуваат со проруски интереси и зголемуваат тензиите меѓу етничките и верските заедници во земјата, Фронтот е тој кој гарантира стабилност и соживот, обединувајќи ги сите заедници во мисијата за подобар и побогат живот во ЕУ.

-Оттука, граѓаните повеќе не можат и не треба да им веруваат на оние што сакат да не’ вратат назад во процесите што ги поместивме напред со толку труд и жртва на патот кон мирот, соживотот, НАТО, САД и ЕУ. Затоа ги повикуваме поддржувачите на опозицијата на 8 мај да го поддржат Европскиот фронт и да ја зајакнеме политичката позиција не само на Албанците, туку и на сите етнички заедници против арогантното заканување за мајоризација што го прави неодговорниот хор на ВМРО-ДПМНЕ, рече меѓу другото Османи.

Османи, кој беше и кандидат за претседател на државата на Европскиот фронт, но не се пласираше во вториот круг, посочи и дека првиот круг од претседателските избори на 24 април докажал дека нивната коалиција е победникот и клучот за европската иднина на земјава.

-Без сомнение Европскиот фронт е единствената опција што ќе произведе владина стабилност со повеќе од 20 мандати на пратеници. Европскиот фронт е единствената опција што ќе може да обезбеди мнозинство според Бадентер без кое не може да опстане ниту една влада во Северна Македонија. Европскиот фронт е единствената опција што ќе може да диктира јасна западна ориентација на нашата земја и во 2030 година ќе бидеме цврсто во ЕУ и во стабилно сојузништво со САД, рече Османи подвлекувајќи дека недвосмислено САД се главен наш сојузник со кој за време на неговиот мандат како министер за надворешни работи државата го започна стратешки дијалог.

Ова партнерство, додаде тој опфаќа пет клучни области за кои имаат конкретни планови и акции – безбедноста на земјата, владеење на правото, економскиот и културниот, како и укинување на визниот режим со САД се главните точки на кои ќе го фокусираат нивниот потенцијал во следниот мандат. Досега сме дале бројни докази дека секоја зацртана цел заедно сме ја оствариле, заедно ќе го надминеме и овој предизвик што поблиску до ЕУ и САД, што подалеку од Русија.

На новинарско прашање дека ДУИ не се посочени како потенцијални коалициски партнери од ниту една од двете доминантни партии во македонскиот блок, Османи изјави дека никогаш нивна цел не била да бидат посакуван партнер на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, туку посакуван партнер и претставник на народот и оцени дека се јалови сите обиди да се потцени второто мнозинство при кои било избори после 2002 година.

-Охридскиот рамковен договор доведе до потреба за две мнозинства – 61 пратеник како апсолутно мнозинство и мнозинство по Бадентер. Двете мнозинства се неопходни за стабилна влада и стабилен парламент и затоа забораваме некогаш и се уште размислуваме со концептот пред Рамковниот договор и 2001 кога размислуваме само за едното мнозинство од 61. Едното мнозинство секогаш оди и со второто мнозинство наречено Бадентерово мнозинство. Времето на надгласување, на мајоризација е поминато. За жал ќе треба уште време за да ја сфатиме логиката на Рамковниот договор и механизмите коишто ги наметнува Рамковниот договор со двете мнозинства коишто ги бара 61 и Бадентерово мнозинство, појаснува Османи.

Прашан што доколку ДУИ победи во албанскиот блок на 8 мај, а партиите од македонскиот блок победници не ги повикаат Османи кажа дека тоа го смета за навредливо прашање и посочи дека граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира владата и оти не може да се формира влада без Бадентерово мнозинство.

-Нема ниту стабилна влада, ниту функционален парламент без Бадентерово мнозинство, рече Османи и додаде дека Бадентеровото не е само мнозинството на Албанците туку на немнозинските заедници, наведе Османи.

Во однос на националистичката реторика на овие избори и дали таа ја започна опозициската ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ, тој оцени дека први започнале од ВМРО-ДПМНЕ со нивните слогани „Македонија повторно горда“ и „Македонија повторно твоја“, оценувајќи ги како шовинистички слогани бидејќи имлицираат дека, вели, „има премиер Албанец, има министер за надворешни работи Албанец, па Македонија не била горда, односно била на Албанците и сега треба да се врати повторно на Македонците.

– Во мултиетничка држава таквите слогани се недозволиви. И јас реков во една прилика тука има работа за јавниот обвинител член 137 од КЗ јасно ги казнува овие прашања. И врвот на шовинистичкиот наратив беше  барам 61 пратеник. Да барате 61 пратеник во мултиетничка држава тоа значи барате супремација на една етничка заедница и исклучување на другите заедници од донесувањето на одлуки исклучување на Албанците, исклучување на Турците, на Бошњаците, на Ромите, вели Османи.

Тој посочи и дека веќе ефектот го гледаме двајца млади беа претепани во Ченто, тоа се прашања коишто ни ја вратија меморијата на тепачките во автобусите, на тепачките во училиштата, прашања коишто сметавме дека ги надминавме.

-Јас сметам дека вокабуларот, наративот на ВМРО-ДПМНЕ којшто не е само против Албанците дополнително што е шовинистички кон Албанците, но ги исклучува и другите заедници за жал се заканува на соживотот и на основниот столб на стабилноста и прогресот на оваа држава. И затоа веќе овие избори на 8 мај не е прашање на битка помеѓу Европскиот фронт и Вреди. Таа битка заврши на 24 април. Таа беше легитимна битка. Граѓаните се определија за Европскиот фронт. Сега на 8 мај се гласа за национализмот на ВМРО-ДПМНЕ којшто сака да гази по основното достоинство на граѓаните на заедниците и алтернативниот концепт којшто бара соживот и европска интеграција. И затоа ја гледаме најголемата мобилизација на луѓе коишто никогаш не гласале, коишто велат имаме шанса со молив, со пенкало да кажеме стоп да ни се врати национализмот којшто мислевме дека помина и којшто не блокираше 20 години од ЕУ и којшто ни избрка стотици илјади луѓе надвор или алтернативниот концепт. Меѓутоа, гледам и гласачи коишто не гласале за мене, коишто ни упатуваат порака секој ден и велат ние не можеме да си дозволиме ваков срам кога се обидуваат да дефинираат влада без да стигнат воопшто изборите, без да се провери волјата на граѓаните. И затоа сметам дека изборите на 8 мај се всушност референдум против национализмот и референдум за соживотот и ЕУ, рече Османи.

Прашан во однос на претседателските избори дали ќе им порачаат на гласачите да излезат и да земат ливче за гласање, Османи кажа дека одлуката како ќе постапат ќе ја донесат во наредните денови како коалиција во која се застапени девет партии.

Tags: ВладаОсмани
Next Post

Касами: Коалицијата „Вреди“ ќе го одржи завршниот митинг на 6 мај во Тетово

Shortcut

Најново

Роботи во здравството (фото извор: Edge Medical)

Европски успех на домашно тло: Прва „Single Site“ роботска операција во земјата

June 11, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

Реакција на СДСМ: Мицкоски ја смени приказната – од „нема избори“ до „избори многу скоро“

June 11, 2026

Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

June 11, 2026

Премиерот Мицкоски тврди: Македонскиот раст на БДП е меѓу најдобрите во Европа

June 11, 2026

„Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

June 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk