ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев во првите редови на митингот во Струмица, Ковачевски – Влада на СДСМ ќе ја внесе Македонија во ЕУ, Филипче – Сега е време кога СДСМ треба да покаже единство

May 6, 2024 11:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА

„Владата предводена од СДСМ е заслужна што Македонија стана рамноправна членка на НАТО, а ефектите од тоа ги чувствуваме денес, колкаво значење има членството во НАТО во ова време. СДСМ заедно со вас, граѓаните, ќе ја внесе земјата и во Европската Унија. И од тоа не се откажуваме! Тогаш кога ќе се случи, бидете уверени дека ќе го направи претседател на СДСМ и претседател на влада од СДСМ“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Струмица.

Тој додаде дека се свесни за казната во првиот круг од претседателските избори и дека го разбира револтот на дел од граѓаните поради политиките, одлукитеи кадровските решенија.

„Но, грешките ги прифативме, лекцијата ја научивме и ја извлековме поуката од критиките, затоа во иднина, пристапот ќе биде многу повнимателен. Ќе се соочиме со проблемите и со посветена и искрена работа, ќе работиме на решавање на состојбите. СДСМ секогаш е рамо до рамо со граѓаните и во мирни услови и во тешки времиња, во добро и во лошо, никогаш не сме се откажале од Македонија во која владеат социјал-демократските принципи на еднаквост, солидарност и инклузивност“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека тој и неговата партија никогаш не бегаат од тешките одлуки, туку напротив, ги носи и сите тие тешки одлуки донесени од СДСМ се покажале како исправни и вистинскки на долг рок.

„Сега е време кога СДСМ треба да покаже единство и да покаже дека срцето на оваа партија чука силно, а тоа срце е секој од вас.“

Ова го истакна д-р Венко Филипче во својот говор на централниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Струмица кој се одржа синоќа. Тој ги повика струмичани и сите социјалдемократи да излезат на 8 мај и дадат поддршка за СДСМ, бидејќи ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ.

„Ве повикувам да не се предаваме на апатијата, да избереме мобилизација. Сите кои сте разочарани, сте останале дома, сте решиле на некој начин да изразите револт, во ред е. Но, казната и на парламентарни избори би значела удар за самите вас, не само за партијата. Ќе значи заслабување на партијата која ве уверувам дека ќе се врати многу брзо на правилниот колосек. Но за тоа, е потребна вашата поддршка“, рече Филипче.

– Сега е потребна вашата поддршка, а промените кои ги барате во СДСМ ќе се случат. Во ваши раце е оваа одлука и не е касно да се исправи штетата. Не е касно да го направите вистинскиот избор сега, а го имате мојот збор дека промените кои ги барате ќе се случат, порача Филипче.

Поранешниот претседател на СДСМ Зоран Заев заедно со сопругата беа во првите редови на вчерашниот митинг во Струмица.

Ј. Ѓ.

Tags: ЗаевКовачевскиФилипче
Next Post

(ВИДЕО) Битиќи: Државата ни е на крстопат, в среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk