ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

И по Путин, Вучиќ- „иконите“ на антизападната кампања во дел од македонските медиуми

May 8, 2024 09:43
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС
Вучиќ-Путин

Вучиќ-Путин

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

во соработка со Мониторинг тимот на Цивил

Мониторигн тимот на Цивил, при константното следење на делувањето на странската малициозна пропаганда во земјава,  врз основа на целокупната анализа на делувањето на оваа пропаганда, односно на нејзинита најистакнати „чинители“, може да констатира дека најомилен политичар кој спроведува антизападна кампања, после рускиот диктатор Владимир Путин, кај дел од македонските медиуми, е претседателот на соседна Србија, Александар Вучиќ.

Иако Путин е се уште неприкосновен владетел на македонскиот интернет простор, барем кога се работи за медиумите кај кои евроатлантската определба на државата не е во прв план, сепак, српскиот претседател зафаќа голем дел од колачот со кој се насладува евроскептичниот, анти НАТО и останатиот ретрограден дел од македонското општество.

Мудрите мисли и ригидни ставови на Вучиќ во однос на Западот, НАТО, Русија, Кина Косово се помеѓу најраспространетите објави кај овие медиуми, без разлика на тоа дали неговите поимања за тековните движења во светската политика не кореспондираат со правецот по кој се движи нашата држава.

Така е пренесена и последната изјава на Вучиќ, со која тој, како „значаен фактор“ во меѓународната политика самоуверено одлучува дека: Тајван е Кина, и точка.

За овие македонски медиуми нема место за приговор на неговата изјава. Таа, иако е во целосна спротивност со ставот на западните парнери, а со самото тоа и на Македонија, како членка на Алијансата, истата се пренесува некритички, без приговор, онака како што е сервирана од страна на дописникот на  државната информативната агенција МИА од Белград, а всушност е само превод од српските медиуми.

И додека за тамошните економско-воено-опшествени текови, ваквата изјава има своја употребна вредност во остварување на државните цели на Србија, нејасна е потребата ваквата изјава на Вучиќ, дадена за кинески медиум во пресрет на посетата на кинескиот претседател на Србија, да биде интегрално пренесена во македонските медиуми.

Ова особено ако се има предвид дека Северна Македонија, како членка на НАТО и аспирант за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ, треба да биде особено внимателна во однос на делувањето на кинеската пропаганда која веќе е во отворена хибридна војна против Западот и притоа го ангажира секој аспект од своите интеракции со надворешниот свет со цел да го поткопа, порази и замени Западот како модел на демократско општество и за таа цел ги користи сите ранливости што може да ги најде или создаде во либералните западни општества. Нејзините тактики вклучуваат принудна дипломатија, прокси војна преку непријателски држави, политичка шпионажа и операции за влијание, дезинформации и пропаганда, кражба на податоци, сајбер напади и повеќе во остварувањето на нејзините цели. На овие делувања не е имуна ниту Северна Македонија, посебно ако тие веќе делуват во непосредното соседство.

Но, ова и не е прв пат македонските медиуми некритички, без осуда ги пренесуваат манипулациите на Вучиќ, кога тој повеќе пати досега се замешал во внатрешните работи на Северна Македонија, преку постапки и изјави на штета на македонските национални чувства и меѓуетничките односи во земјава.

Преземено: Цивил Медиа

Tags: Александар Вучиќмакедонски медиумистранска малициозна пропаганда
Next Post

Израел го отвори граничниот премин „Керем Шалом“

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk