ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

Сè се среди во државата откако претседателката не го изговори уставното име❗

May 13, 2024 13:50
in ZOOM IN, АХА!, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

РИБАРО

Преку ноќ во Македонија сè се среди, откако новоименуваната претседателка Гордана Силјановска Давкова одби да го изусти уставното име на државата во свечената изјава при инаугурацијата  во Собранието.

Како што јавуваат известувачите за АХА, уште утрово се зголемил за двојно стандардот на граѓаните. Се зголемиле платите, пензиите и социјалната помош. БДП се искачил за +10%, а инфлацијата едноставно ја снема.

Под Камен мост наместо матен Вардар, почнало да тече мед и млеко, а од фонтаните на Аце и Филип, бликало медовина.

После говорот на претседателката, Македонија експресно доби зелено светло од ЕУ да се отпочнат преговорите без почитување на европскиот предлог. Велат од ЕУ – Ма какво Бугари внесување во Уставот, баталете тоа, говорот на Силјановска беше феноменален.

Грција со писмена нота рекла дека ќе го отстапи Солун во илјадогодишно владение на соседната држава и најавила највисоки почести за претседателката  – на Олимп веќе се спрема церемонија за врачување на Ловоров венец и највисок државен медал за Силјановска.

И Олимпискиот оган во Париз за момент престанал да гори. Макрон морал да се поклони во знак на почит на умешноста на Силјановска Давкова.

Нашите извори јавуваат дека Бајден ги прекинал работните состаноци со Нетанјаху, а Путин наредил стопирање на гнасната офанзива на боиштето во Харкив.

Светот добил сосема еден друг нормален тек на настаните со само еден говор од една мала држава таму на Балканот, известуваат светските медиуми.

Илон Маск забележал дека SpaceX од вчера напладне нема никакви проблеми при лансирањето.

Што ти значи лидерка, лидериште! Ете толку е потребно, констатирал генералниот секретар на Обединетите нации Гутереш.

Единствено, како што дознава АХА, Христијан Мицкоски останал загрижен за пресвртната популарност на Силјановска и се затворил во белата палата на вмровците, за да смисли попометна постапка што ќе го надмине успехот на Силјановска Давкова.


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK

Tags: РИБАРОсатираСилјановска Давкова
Next Post
Уништени руски возила надвор од Пилна.Фото: ОМЕГА ДРОН ГРУПА

Жестоки битки околу Харкив, аналитичари сметаат дека Русите спроведуваат лажна офанзива за да изнудат повлекување на украинските сили од Часив Јар

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk