Никола Ѓуретановиќ викендов настапи во Дубровник, Хрватска на критериумски натпревар за Олимпијадата во Париз, Франција 2024, извесуваат од Пливачкиот клуб Вардар 2018
„Тој настапи во дисциплините 400 и 1500 метри слободно Во дисциплината 400 метри слободно Никола го собори Националниот младински рекорд кој е стар околу 25 години. Времето испливано е 4:02:61 и со ваков резултат освои 748 ФИНА бодови. Стариот рекорд на Александар Маленко е со време од 4:03:88“, наведуваат во објавата од Пливачкиот клуб Вардар 2018.
Оттаму напомнуваат дека Никола со овој резултат е се поизвесен кандидат за Олимписките игри во Париз, Франција.
Ј. Ѓ.