ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the Great“ како „моќно средство на економската дипломатија“

May 20, 2024 21:54
in ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Македонската ознака во моменталните околности станува моќно средство на економската дипломатија. Навистина ми е жал кога слушам врвни грчки производители на вино во нашата земја да ни кажуваат дека постојат вина што се појавуваат како македонски и некои клиенти од странство кога говорат за македонски вина да ја имаат на ум Северна Македонија, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Солун.

Во говорот на Генералното собрание на Асоцијацијата на грчки извозници (СЕВЕ), Мицотакис се осврна и на трговската ознака „Macedonia the Great“ за грчките производи, промовирана во ноември 2019 година, токму од конкретната Асоцијација, се потсети дека тогаш присуствуваше на презентацијата изразувајќи целосна поддршка, која ја повтори и вечерва.

-Ни требаше време да ја регистрираме (трговската ознака), но на добар пат сме. Тоа е потег што добива и актуелно значење по последните провокативни регресии на нашите северни соседи. Нашата дипломатска реакција треба да биде придружена и со трговски контранапад, во прв план со автентичноста и квалитетот на производите и услуги на нашата Македонија и ова е и во ваши раце да го постигнеме заедно, им порача Мицотакис на присутните на Генералното собрание на СЕВЕ.

Освен за трговската ознака, грчкиот премиер се осврна и на Договорот од Преспа и на последните случувања во билатералните односи, уште еднаш порачувајќи дека ЕУ перспективата на Скопје, поминува низ Атина.

-Гледајќи го веќе подолго време подемот на национализмот во Скопје, останавме претпазливи во прифаќањето на меморандумите што го придружуваат Договорот. За жал, развојот на настаните ја оправдаа оваа наша претпазливост. Позицијата на новата претседателка и на нејзините поддржувачи таму, за жал, и на мандатарот за премиер е и незаконска и провокативна. Затоа Грција ја отфрла и не ја прифаќа. Соседната држава мора да сфати, и ова мислам дека ги сфаќаат повеќето граѓани на Северна Македонија, дека патот кон Европа и напредокот поминува и низ нашата земја. И таму може да застане, истакна грчкиот премиер.

Уште еднаш потсети дека Нова демократија гласаше против Договорот од Преспа, но објаснувајќи дека „не затоа што не сакавме решение на прашањето, туку затоа што конкретниот Договор отстапи националност и јазик, македонска националност и јазик на соседите, поткопувајќи ја на овој начин иднината“.

Истакна дека предупредија, уште пред да дојдат на власт во 2019 година, дека ако овој Договор се ратификува, подоцна не може да се смени.

– Како нова Влада го почитувавме овој грчки потпис на меѓународен договор, кој надвладува над секој закон, посочи Мицотакис.

Tags: ГрцијаЕвропска УнијаМакедонија
Next Post

Меџити: Кој губи, има право да се лути

НАЈНОВО

Локализиран пожарот во бараките во Карпош 4, во близина на Кејот на Вардар

August 21, 2025

ДУИ: Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници

August 21, 2025

Елитни руски војници се повредувале себеси и своите соборци за да добијат отштета

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk