Претседателот на Демократско Движење, Изет Меџити во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 проговори и за екс премиерот Зоран Заев.
Според него, Заев е храбар лидер, кој донел храбри одлуки за напредок на државата.
„Јас бев на негова страна во 2016 кога цело ДУИ беше со Груевски“, порача Меџити.
Меџити велат и дека некогаш си земаат поголема улога отколку што им следува (мислејќи на Албанците).
„Не заборавајте. Во 2016 година се погоди храбар лидер Македонец кој донесе храбри одлуки со промена на името и отворање на евроатланските интеграции. Албанците и тогаш и сега без разлика опозиција, власт, беа ЗА. Утре да нè прашате 30 пратеници Албанци, сите сме за уставни измени. Добро, но не треба ni себеси да си даваме улога која не ни следува“, додава Меџити.
Тој претходно истакна и дека во 2016 имало две групи во ДУИ, од кои едната била за да се продолжи со Груевски, а другата, која ја предводел Меџити била да се прави влада со Зоран Заев.
Д. Ј