Предводникот на Астон вила, Унаи Емери е прогласен за најдобар тренер на сезоната во Премиер лигата.
Порталот „Goal“ направи рејтинг на најдобрите тренери на последното издание на англиското фудбалско првенство, оценувајќи ги со скала од еден до десет.
Емери доби оценка 9, зад него се Пеп Гвардиола од Манчестер сити и Микел Артета од Арсенал кои добија 8.
Јирген Клоп (Ливерпул), Анже Постекоглу (Тотенхем), Андони Ираола (Борнмаут) и Оливер Гласнер (Кристал Палас) добија 7.
На последното место и единствен со оцена 1 е тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.