ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Г.г. Стефан: Цариградската патријаршија ни поставува неприфатли услови за томос

May 22, 2024 08:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вселенската патријаршија поставува неприфатливи услови за да и додели томос за автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, изјави архиепискот охридски и македонски г.г Стефан.

Прашан кога ќе биде доделен томосот, тој за штипската телевизија ТВ Стар одговори – кога ќе се исполни времето.

– Тоа не може да се претпостави. Може да биде и утре, а може да биде и задутре. Така што ние да ја чуваме црквата, да ја градиме црквата, да градиме односи и релации со другите помесни православни цркви. Тоа ќе дојде кога ќе се исполни времето како што порачува и апостолот Павле, изјави поглаварот на МПЦ-ОА.

Прашан што конкретно бара Вселенската патријаршија, тој посочи дека биле поставени неприфатливи услови – откажување од името Македонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на Православната црква на Украина.

– Вселенската патријаршија која не упатуваше на тоа и за кое впрочем се потпишани сите православни цркви во Шамбези дека така треба тоа да се случува не прифати во заедничко сослужување во канонско единство со сите православни цркви. Ако ни даде томос ние ќе го прифатиме, но условите кои ни се поставуваат се неприфатливи за нас – откажување од името Mакедонска православна црква, отстапување на македонската дијаспора и признавање на украинската црква која ја призна Цариград, рече г.г. Стефан.

Според поглаварот на МПЦ-ОА, барањата на Цариградската патријаршија тешко ќе бидат позитивно одговорени и реализирани, особено тие поврзани со името и со дијаспората.

– Името ние си го имаме, тоа име е наше на никој друг не припаѓа и затоа не треба никој да бара да се откажуваме ние од нашето име, а името на нашата црква е Македонската православна црква возобновена Охридска архиепископија затоа се соджат и и двете имиња во името на нашата црква. Дијаспората кога ќе преземат од сите други народи православни кои имаат своја дијаспора тогаш нека биде и нашава, но тоа прашање тешко ќе биде реализирано односно одговорено во позитивна насока кон барањата на Цариградската патријашрија, изјаци г.г. Стефан.

Tags: Вселенска патријашијаг. г. Стефан
Next Post

Протест на вработените во АД Пошта

Shortcut

Најново

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

June 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk