Ирска и Шпанија денеска и се придружија на Норвешка и соопштија дека „ќе ја признаат државата Палестина“.
– Денеска Ирска, Норвешка и Шпанија соопштуваат дека ја признаваат државата Палестина, рече ирскиот премиер Сајмон Харис, поздравувајќи го „историски важен ден за Ирска и Палестина“.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека Шпанија ќе ја признае палестинската држава на 28 мај.
– Следниот вторник, на 28 мај, Шпанија ќе го усвои признавањето на палестинската држава во Советот на министри, рече Санчез пред шпанските парламентарци.
Тој го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека го загрозува решението за две држави со неговата политика на „болка и уништување“ во Појасот Газа.
„Норвешка ќе ја признае државата Палестина на 28 мај“, информира претходно денеска во Осло норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.
Поврзано:
Премиерот Сторе: Норвешка од 28 мај ќе го признае постоењето на палестинската држава