ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Клинички центар, детска болница Козле, резиденцијални објекти на Водно и дел од Сарај вечерва без вода

May 25, 2024 14:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНФО ПИТ

Вечерва од 21 часот до утре во 5 часот без вода ќе биде Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје поради зафат на водоводната мрежа. Покрај Клинички, без вода ќе останат и детската болница „Козле“, вила Водно и резиденцијални објекти во реонот Водно.

Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека цистерни со питка вода ќе бидат поставени пред Клинички центар и болницата „Козле“, а исто така цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во дежурната служба на скопски „Водовод“, кои на повик ќе гравитираат врз основа на потребите на граѓаните.

Од претпријатието објаснуваат дека Водно и болниците ќе немаат вода оти ќе се врши зафат на мрежата во овој дел заради намалување на загубите на вода.

Од Министерството за здравство досега нема никакви насоки за пациентите кои се лекуваат во Клинички центар, ниту како ќе се вршат операции и ќе се примаат итни пациенти кога цел болнички комплекс ќе нема вода.

Во истиот период од 21 часот до 5 часот зафат ќе има и на главната водоводна цевка за поврзување на 12 села од Сарај на градскиот водовод. Поради тоа, од претпријатието велат дека вода ќе нема или слаб ќе биде притисокот во Сарај и Ѓорче Петров.

Од претпријатието не објаснуваат зошто во ист ден се вршат два големи зафата.

Tags: без водаВодовод и канализацијадетска болница КозлеКлинички центаррезиденцијален дел ВодноСарај
Next Post

Мал авион се урна во близина на Загреб

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk