ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи на министерски состанок на НАТО во Прага

May 31, 2024 15:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваше на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој се одржува во Прага.

Како што информира МНР, во фокусот на состанокот беа  актуелните безбедности состојби, со акцент на зајакнувањето на поддршката за Украина, а министрите се осврнаа и на одлуките кои треба да се усвојат на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Османи се осврна на потребата од забрзување на евроатлантските интегративни процеси.

-Од суштинско значење е интегрирањето на Западен Балкан за консолидирање на стабилноста во регионот и превенирање од дестабилизирачки влијанија од трети страни. ЕУ-перспективите на Западен Балкан треба да се сметаат како стратешка безбедносна политика, нагласи Османи.

МНР наведува дека Османи ги истакна веќе познатите позиции на нашата земја, „нагласувајќи дека Северна Македонија е цврста во поддршката за Украина, од почетокот на руската агресија“.

-Исто така, нагласи дека како кредибилна членка на Алијансата, земјава веќе го надмина долниот праг од 2 отсто од БДП за инвестициите во одбраната, а потенцираше и дека е силен поддржувач на политиката на отворени врати на Алијансата, информира Министерството за надворешни работи. 

Next Post

Давкова имала план - преку разговори ќе ги убедува Грците, дека е во право кога го користи името Македонија

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk