ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меѓународната конференција на „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Заев“ на 17 и 18 јуни во Атина

June 5, 2024 09:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иднината на Европа по европските избори, интегративниот процес на Западен Балкан, геополитичките случувања во Источен Медитеран, мирното решавање на споровите, справувањето со климатската криза, но и во европските економски случувања, ќе бидат главните теми на дводневната Меѓународната конференција за мир и одржлив развој што на 17 и 18 јуни ја организираат „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“, јави дописничката на МИА од Грција.

Конференцијата ќе се одржи во Атина, по повод шест годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, планирано е учество на шефови на меѓународни организации, премиери, еврокомесари, водечки владини претставници, поранешни претседатели, премиери и министри за надворешни работи, како и претставници на партии од целиот демократски спектар со акцентот на централно левичарски, левичарски и прогресивни сили.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, од нашата земја, на конференцијата планирано е да учествуваат поранешните премиери Зоран Заев и Владо Бучковски, поранешниот министер за надворешни работи поранешен и поранешен вицепремиер Никола Димитров и Венко Филипче како директор на „Фондацијата Заев“.

Дополнително, според истите информации, планирано е учество и на четворица европски комесари, на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, на премиерот на Србија Милош Вучевиќ, на поранешните премиери на Шведска и Грција Стефан Лофвен и Јоргос Папандреу, поранешниот претседател на ЕП Мартин Шолц, на поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, како и на градоначалниците на Атина и Истанбул.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ќе се обрати преку видеопорака, во пресрет на доделувањето на „Наградата од Преспа“ за специјалниот претставник на ОН во преговорите Метју Нимиц, кој исто така ќе биде присутен на конференцијата, за неговиот придонес во Договорот од Преспа.

На дводневната конференција, според истите информации на МИА, планирани се низа панел дискусии, меѓу кои и една на која Заев и Ципрас ќе одговараат на прашања поврзани со Договорот од Преспа.

Меѓународната конференција ќе биде прва од низата настани и иницијативи на „Институтот Алексис Ципрас“ во следниот период со цел да започне поширок јавен дијалог за иднината на Грција и Европа.

Tags: „Институтот Алексис Ципрас“Фондацијата Заев
Next Post

Сончево и топло, температура до 35 степени

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk