ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Од Европа до изолација: Две македонски држави, „наша“ и „нивна“

June 6, 2024 09:35
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Главното политичко и пропагандно оружје на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш беше и остана национализмот. Моќта на националистичките наративи во комбинација со скриените, а често и сосема отворените антизападни ставови, „оправдани“ со разочарувањето од Западот, го диктираа исходот од изборите во 2024 година. Придружени со силниот простотилак и селанштина, националистите беа незапирливи. На конквистадорите управувани од Белата палата овој пат им се придружија и сите што се партизани од 8 до 4, а за време на пауза за ручек, попладне и навечер се четници.

„Внатрешниот непријател,“ како што „нагалено“ го нарекуваат социјалдемократите својот доскорешен сопартиец Максим Димитриевски (ЗНАМ), само дополнително ја отслика длабоката криза на вредностите со која СДСМ, наспроти обидите на дел од лидерите на партијата, не најде доволно сили, а немаше ни време да се соочи.

Во изборен процес на кој му претходеше долготрајна операција на влијание и манипулација со гласачите, добивме парламент во кој (речиси) целосно доминираат националисти. Очекувано, тоа предизвикува сериозна загриженост за идната ориентација на земјата. Таа загриженост ќе расте уште повеќе кога меѓуетничките односи ќе се заострат, а судството и полицијата ќе се инструментализираат за рекет и за прогон на неистомислениците.

Предизборните наративи како „наша“ и „твоја“ Македонија претпоставуваат и дека има „други“ и „не-наши“ на кои треба да им се покаже „кој е газда во куќата.“ Уште појасно, наративот дека земјата живее во „тиранија од малцинството“ наметна реминисценции од минатото, кога „тиранијата од малцинството“ беше претекст за прогон и концентрациони логори.

Прашање на време е кога ќе стане повеќе од очигледно дека на изборите не победи само национализмот, бидејќи тоа никогаш не е доволно. Тој неминовно ќе води и кон антидемократски политики и практики во Северна Македонија. Уште во предизборието стана очигледно дека живееме во две паралелни македонски држави. Едната е Македонија (или „нашата земја“ под „тиранија од малцинството“) која со брзи чекори ита кон изолација, несигурност и кредитно ропство. На другата страна, многу помала, остана Северна Македонија, проевропска држава што се обидува да живее во хармонија со себе и со соседите.

Успехот на националистите може да се припише на комбинација од низа фактори. Националистичката база на гласачи заедно со проруските и антизападните „десперадоси“ се покажа како моќна сила. Повеќе од очигледно е влијанието и финансирањето од локалните олигарси, чиј однос со Москва (преку прокси играчите во Белград и Будимпешта) никогаш не беше ограничен само на бизнис релации. Во кампањата се вклучи и црквата чија проруска ориентација е добро позната.

Во убедливата победа на национализмот во „нашата земја“ пресудна улога имаа медиумите, чии газди може да очекуваат да се збогатат уште повеќе во наредниот период. Иронично: Кому му е грижа за новинарството во денешно време? И онака фактите не се важни, туку емоциите што ги предизвикуваат медиумските содржини.

Не треба да се занемари ниту улогата на академската и дел од НВО заедницата чии усти се полни со лажно декларирани европски и демократски определби, но во суштина се само искрени националисти.

Вклучувањето и односот на сите спомнати и неспомнати актери во изборниот процес сугерира сложен и тензичен политички пејзаж, дополнет со комплексните меѓуетнички (македонско-албански) односи. Но, од суштинско значење е да се истакне дека не може да се доведе во прашање легитимноста на самиот изборен процес. Можеби некој ќе каже дека овој став е контрадикторен, но изборите беа фер и демократски. Македонските граѓанки и граѓани го добија тоа за што гласаа.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

Парламент со апсолутно мнозинство од националисти и радикали

Next Post

Судиите избираат двајца нови членови на Судскиот совет

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk