ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Протести на опозицијата пред градското собрание на Тирана; Белери помеѓу Химара и ЕУ парламентот; Молк во ЕУ за отстранување на казнените мерки за Косово

June 14, 2024 12:49
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија денеска опозицијата протестира пред градското собрание на Тирана, против корупциските скандали на директорите на Општината, пренесуваат албанските медиуми.

Градоначалник на Химара, Фреди Белери во телефонско интервју од затвор изјави дека доколку Апелациониот суд го прогласи за невин, тој ќе избере да биде градоначалник на Химара, а не пратеник во Европскиот парламент, јавуваат албански медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Албеу: Опозицијата денеска протестира  пред градското собрание на Тирана

Демократската партија и Алијансата за заштита на театарот за овој петок најавија развој на уште еден протест против корупциските скандали предизвикани од досието на директорите крадци на Општината, кои преку озлогласената фирма „5Д“ украдоа народни пари преку   тендери.

Опозицијата се очекува да се собере во 11:00 часот пред градското собрание на Тирана и ова е втор протест за една недела, по оној во понеделник каде исто така имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите, пренесе Албеу.

Ора Њуз – Белери: Ако ме ослободат ќе ја изберам Химара, а не позицијата европратеник

Избраниот градоначалник на Химара Фреди Белери во телефонско интервју од затвор изјави дека доколку Апелациониот суд го прогласи за невин, тој ќе избере да биде градоначалник на Химара, а не пратеник во Европскиот парламент.

Фреди Белери рече дека има верба во правдата и дека доколку не го најде своето право во Албанија, тогаш ќе го бара во Судот во Стразбур. Понатаму, тој  изјави дека доколку оди во Европскиот парламент, ќе се обиде да даде свој придонес и за Албанија, бидејќи за него Албанија не е Еди Рама, пренесува Ора Њуз.

КОСОВО

Бота Сот – Влада: Нацртот за Заедницата нема авторство, адреса и потпис

Владата на Косово повтори дека нацрт-статутот предложен од Европската унија за основање на Асоцијацијата е документ без сопственост, без адреса и без потпис.

Вицепремиерот Бесник Бислими рече дека Владата не може да испраќа написи од весници до Уставниот суд на толкување, пренесува Бота Сот.

Репортери: Неизвесност за отстранување или не на мерките против Косово, молк во ЕУ

Иако немаше формален датум, оваа недела се очекуваше да биде објавен извештајот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, за исполнувањето на условите од страна на Косово за укинување на мерките на ЕУ.

Дури и вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, во четвртокот рече дека во извештајот на шефот на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, за чекорите што Косово ги презема во исполнувањето на обврските за отстранување на мерките на ЕУ, „дали ќе се препорача отстранување на казнените мерки“ за Косово.

Но, за ова прашање во Европската унија има молк, пишува онлајн весникот Репортери.

КОЛУМНА

Коха: Европски избори (3)

Сега кога завршија европските избори, целото внимание ќе се насочи кон чекорите за конституирање на новите европски институции, а тоа се конституирањето на Европскиот парламент и гласањето на Европската комисија.

Првата институција што се формира е Европскиот парламент. Европскиот парламент има три главни улоги: законодавна, надзорна и буџетска. Тоа значи усвојување на законите на ЕУ со помош на Советот на ЕУ, демократска контрола на сите институции на ЕУ и усвојување на буџетот на ЕУ. Европскиот парламент е единственото законодавно тело во светот чии одлуки имаат директно правно дејство преку националните граници, пишува авторот Демуш Шаша во третиот дел од анализата за европските избори, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Мицотакис направи реконструкција на Владата, Герапетритис останува министер за надворешни работи

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk