ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Времеплов, 10 октомври 2019

October 10, 2019 07:08
in ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

1684

Роден е францускиот сликар Жан Антоан Вато, типичен претставник на стилот – рококо. Неговото сликарство е со деликатен колорит и чувствителни цртежи, главно посветени на темите од животот на аристократите.

1813

Роден е италијанскиот композитор Ѓузепе Верди, кој заедно со Рихард Вагнер се најистакнатите романтичарски оперски творци на 19. век. Дела: оперите „Набуко“, „Травијата“, „Трубадур“, „Риголето“, „Бал под маски“, „Моќта на судбината“, „Дон Карлос“, „Аида“, „Отело“.

1837

Умира францускиот економист Шарл Фурие, социјалист-утопист кој смета дека капитализмот е „асоцијален“ бидејќи во него поединците се постојано во борба едни со други. Дела: „Нов индустриски и општествен свет“, „Теорија на четири движења“ и други.

1861

Роден е норвешкиот поларен истражувач, дипломат и хуманист Фритхоф Нансен, професор по океанографија на Универзитетот во Осло, добитник на Нобеловата награда за мир во 1922 година. Од 1893 до 1896 година ги истражува Гренланд и Северниот Леден Океан пловејќи со бродот „Фрам“ кој е конзервиран и се чува во близина на Осло. По Првата светска војна се занимава со заштита на воените заробеници и националните малцинства. Како висок комесар во Друштвото на народите раководи со репатријацијата на воените заробеници и придонесува кон потпишување на Женевскиот протокол за бегалци. Емигрантскиот пасош наречен „Нансенов пасош“ кој служи како потврда за идентитет за раселените луѓе и сега е во употреба.

1904

Во Скопје е роден Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје, основана во 1947 година, на чие чело, како директор застанува половина деценија подоцна. Тој е основач и прв раководител на Уролошкото одделение на Хируршката клиника. Во својот плоден творечки живот објави повеќе од дваесет стручни трудови од областа на хирургијата и урологијата. Умира во Скопје, на 26 јануари 1961 година.

1910

Во Прилеп е роден Димитар (Димче) Стојанов – Мире, професор по историја, учесник во НОВ на Македонија и делегат на Првото заседание на АСНОМ. На Второто заседание на АСНОМ е избран за член на Президиумот на АСНОМ и повереник за просвета на Македонија. Потоа е министер за просвета на НР Македонија, претседател на Народното собрание на НР Македонија (1951-1955) и директор на Архивот на Македонија (1960-1978). Еден е од основоположниците на архивската служба во Македонија. Умира во Скопје, на 4 септември 1991 година.

1913

Заврши изградбата на Панамскиот канал долг 81,6 километри со кој биле споени Атлантскиот и Тихиот Океан. Бродовите го користат од 15 август 1914 година.

1946

Во Скопје, во црквата „Свети Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, положени се моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија.

1964

Отворени Олимписките игри во Токио, први во Азија.

1973

Потпретседателот на САД Спиро Егњу поднесе оставка по избивање на скандалот во кој е обвинет дека не плаќа даноци.

1980

Во земјотрес во Алжир загинаа 2.580 луѓе, а околу 330.000 граѓани во градот Ал Аснам останаа без покрив над главата.

1982

САД воведуваат санкции врз Полска поради одлуката на полската влада да го забрани синдикатот „Солидарност“.

1985

Умира американскиот филмски актер и режисер Орсон Велс. Неговиот прв филм „Граѓанинот Кејн“ е еден од најдобрите во историјата на кинематографијата. Орсон Велс изгради свој стил и секое негово дело носи печат на силна и оригинална личност. Во 1971 година доби Оскар за животно дело. Филмови: режија и глума – „Величенствените Амберсонови“, „Дамата од Шангај“, „Магбет“, „Отело“, „Зрно зло“, „Господин Аркаден“, „Процес“, „Вистина и лаги“, глума – „Третиот човек“, „Хотел Интернационал“.

1985

Умира американскиот филмски и театарски актер од руско-ромско-монголско потекло Јул Бринер, еднакво добар во карактерните, авантуристичките и дискретните комични улоги. За филмот „Кралот и јас“ е награден со Оскар, а во театарот со години ја игра истоимената претстава. Филмови: „Десетте божји заповеди“, „Анастасија“, „Браќа Карамазови“, „Соломон и Саба“, „Седумтемина величенствени“, „Тарас Буљба“, „Западен свет“.

1990

СССР и Германија потпишаа договор за повлекување на советските војници од Германија до крајот на 1994 година. Во тоа време во Германија има 380.000 советски војници и 220.000 членови на нивните семејства.

1991

Во главниот град на Канада – Отава, пред неколку десетици илјади присутни, е откриен првиот светски споменик на мировните единици на Обединетите нации.

1993

Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција.

1994

Во Скопје е отворен Ургентно-хируршкиот центар при Медицинскиот факултет.

1995

Израел, согласно мировниот договор со Палестинската ослободителна организација, го започна повлекувањето од Западниот Брег и од затвор ослободи околу 300 Палестинци.

1996

Пуштен е во сообраќај автопатот Тетово – Гостивар во должина од 20 километри.

2000

Умира државничката Сиримаво Бандеренајке, прва жена премиер во светот. Во историјата влегува станувајќи премиер на Цејлон (сегашна Шри Ланка) на 21 јули 1960 година. Со Шри Ланка управува од 1960 до 1977 година и е еден од основачите на движењето на неврзаните.

2003

Ширин Ебади, ирански адвокат и борец за човекови права ја доби Нобеловата награда за мир.

2004

Умира американскиот актер Кристофер Рив, филмскиот „Супермен“, кој од 1995 година бил врзан за инвалидска количка поради пад при јавање, при што скршил два пршлени. Во ваква состојба играл во многу филмови, вклучувајќи го и римејкот на легендарниот филм на Хичкок „Прозорец во двор“.

2013

Канадската писателка Алис Манро (82) ја доби Нобеловата награда за литература. Ова е прва Нобелова награда, која е доделена на писател од Канада и прва доделена на писател на куси раскази. Манро е 13-та жена, која до тогаш е добитничка на Нобеловата награда за литература. Наградата изнесува осум милиони шведски круни, односно околу 925 илјади евра.

2016

На 90-годишна возраст почина Анджеј Вајда, познат полски филмски режисер. Тој е посочуван како водечки претставник на „полската филмска школа“ создадена уште во педесеттите години на минатиот век. Најголемиот број од неговите филмски остварувања, како филмовите „Канал“, „Човек од мермер“ „Човек од железо“ или „Катин“ се инспирирани од турбулентната полска историја. Неговата кариера како филмски творец трае цели 60 години и за тој период тој режира над 40 филмови. Во 2000 година, Анджеј Вајда е награден со почесен Оскар за неговиот придонес во филмот. Претходно, четири негови филмови биле номинирани за Оскар, за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата Лео Четиринаесетти денеска ќе ја одржи својата прва голема миса

May 9, 2025

Приведени лицето кое пукаше и четворица помагачи, сите турски државјани, во врска со синоќешното убиство во Штип

May 9, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Светските лидери му честитаа на новиот папа

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk