ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вработените од охридскиот аеродром исчистија еден километар од Охридското езеро

June 20, 2024 14:16
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА

Под слоганот – „Чистиме денес, за одржливо утре“, ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, утрово организираше акција за чистење долж брегот на Охридското Езеро, како проактивен потег кон одржливост и одбележување на Денот на Охридско Езеро, кој е утре на 21 јуни, информираат од ТАВ Македонија.

Почнувајќи од пешачката патека „Лабино“, преку вливот на реката Грашница во Охридското Езеро, кон плажата Магнус, до вливот на реката Даљан во езерото, во должина од приближно 1 километар, 30-тина вработени од охридскиот аеродром волонтираа во чистењето на крајбрежјето и придонесоа за почиста животна средина.

Волонтерите – вработени на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид го собраа ѓубрето оставено и насобрано на овие плажи, односно, пластиката и хартиениот отпад, отпадоците и другите загадувачи кои со текот на времето се насобрале на овој дел од брегот на езерото.

„Оваа иницијатива ја одразува посветеноста на ТАВ Аеродроми за позитивно влијание во заедниците каде што работиме. Во соработка со локалните чинители и Општина Охрид, како и со нашите колективни напори, имаме за цел да помогнеме во зачувување на убавината на Охридското Езеро и промовирање на култура на еколошка свест“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Откако вработените од охридскиот аеродром завршија со чистењето, според договореното со Општина Охрид, јавното комунално претпријатие ги презеде вреќите со собраниот отпад за соодветно одложување.

Охридското Езеро, дел од светското наследство на УНЕСКО, познато по својата природна убавина и еколошко значење, има посебно место во срцата и на локалното население и на посетителите.

Препознавајќи ја важноста од зачувувањето на ова природно богатство, ТАВ Македонија ги мобилизира своите ресурси за да иницира сеопфатен обид за чистење и да ја промовира еколошката свест, еден ден пред Денот на Охридското Езеро.

Иницијативата за чистење е дел од пошироката корпоративна општествено одговорна програма на ТАВ Аеродроми, која се фокусира на иницијативи кои промовираат одржливост на животната средина, развој на заедницата и социјална благосостојба.

Со активно влучување во проекти корисни за општеството и животната средина, ТАВ Аеродроми се обидува да ја исполни својата корпоративна одговорност и да придонесе за посветла, позелена иднина за генерациите што доаѓаат.

 

Tags: еко акцијаОхридско езероТАВ Македонија
Next Post

Топлотниот бран во САД, Мексико и Централна Америка е 35 пати поголем поради климатските промени

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk