ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Олимпискиот оган тргна од античка Олимпија кон Токио

Свечената церемонија, поради превентивните мерки за коронавирусот се одржа без публика, со само 100 поканети претставници од Меѓународниот олимписки комитет и организациониот комитет „Токио 2020“ и со намален број новинари, a во присуство на претседателот на Грција Прокопис Павлопулос, претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Томас Бах, претседателот на Грчкиот Олимписки комитет Спирос Капралос, потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас, како и претставници на грчката влада

March 12, 2020 12:23
in СПОРТ
OLYMPICS-GREECE/FLAME-REHEARSAL

OLYMPICS-GREECE/FLAME-REHEARSAL

Share on FacebookShare on Twitter

Во античкиот храм на божицата Хера, во древна Олимпија, од зраците на сонцето беше запален олимпискиот оган за ЛОИ и започна штафетното предавање на патот кон Токио. За прв пат во историјата, првата и последната штафета на грчка територија им е доверена на жени, а олимписката шампионка на Грција во стрелање Ана Коракаки, го почна штафетното предавање.

Свечената церемонија, поради превентивните мерки за коронавирусот се одржа без публика, со само 100 поканети претставници од Меѓународниот олимписки комитет и организациониот комитет „Токио 2020“ и со намален број новинари, a во присуство на претседателот на Грција Прокопис Павлопулос, претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Томас Бах, претседателот на Грчкиот Олимписки комитет Спирос Капралос, потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас, како и претставници на грчката влада, јави дописничката на МИА од Атина

Според информациите во грчките медиуми, Схинас ќе биде дел и од штафетното предавање на олимпискиот оган.

Олимпискиот оган преку 31 грчки град, по поминати 3500 километри, 15 археолошки локалитети, 3500 километри, 822 наутички милји, следната седмица, на 19 март, ќе пристигне на Олимпискиот стадион во Атина и ќе им биде предаден на организаторите на Летните олимписки игри во Токио.

Олимпискиот оган ќе патува на Пелопонез, оттаму преку атинското пристаниште Пиреас ќе стигне на островот Крит, па повторно назад во грчката престолнина за да замине за северна Грција и на крај, по седум дена да се врати во Атина и да преноќи на Акропол пред да им биде предаден на организаторите.

Во штафетното пренесување на факелот со олимпискиот пламен низ Грција, оваа година, за прв пат имаа можност да учествуваат и обичните граѓани, а во грчкиот Олимписки комитет стигнале 2.500 пријави.

Летните олимписки игри во Токио ќе се одржат од 24 јули 2020 до 9 август 2020.

Next Post

Македонската банкарска асоцијација апелира до клиентите да ги ограничат посетите во експозитурите

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk