ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Невидливо страдање: Заборавените жртви од тортура во Северна Македонија

June 27, 2024 10:45
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

На Меѓународниот ден за Поддршка на жртвите од тортура, Северна Македонија молчеше. Речиси целосно. Со исклучок на ЦИВИЛ и медиумската платформа при организацијата, изгледа дека никој друг не најде време барем да ја спомне оваа тема. Само неколку редакции презедоа дел од содржините објавени од Цивил, и толку. Барем пребарувачот на Гугл, Тајм.мк и инбоксот на Редакцијата велат така. Ниту една институција, ниту една политичка партија, ниту една невладина организација… никој!

Едноставно, тортурата е непознат поим за „нашата земја“, така што овој датум, како и многу други, помина незабележано во агендите на општествените, академските, политичките и државните фактори.

Молкот за тортурата: Занемарена реалност на Северна Македонија

Но дали молкот соодветствува со реалноста? Ни оддалеку! Тортурата не ѝ е непозната на Северна Македонија. За така мала земја, бројот на случаи на тортура ни оддалеку не е занемарлив. Особено ако се има предвид начелото дека и еден случај е премногу, а тоа во случајот со „нашата земја“ е далеку од бенигна и спорадична појава. Низ 33-годишната историја на независност на земјата, се бележат голем број индиции за тоа дека тортурата е вообичаена пракса. Од друга страна, голем дел од случаите никогаш не станаа дел од било каква институционална процедура или извештај во медиумите или граѓанските организации.

Ноторен е фактот дека жртвите на тортура во полициските станици и затворските установи, како и во други околности, најчесто и не пријавуваат сурово, нечовечно и понижувачко однесување кон нив. Како низ светот, така и кај нас – најголем дел од нив молчат. Молчат и нивните семејства, од страв или поради стигмата што ги следи жртвите од тортура, особено затоа што тортурата не подразбира само физичко малтретирање, туку и сексуално и ментално насилство и понижување. Непознато е и тоа колку од нив воопшто и знаат дека имаат право да пријават. А оние чија функција е да ги заштитат луѓето од тортура или барем да работат на нотирање на случаите и јакнење на јавната свест за оваа појава – не можат да се пофалат со многу резултати.

Скриена криза: Краток историјат

Случаи на тортура има многу, а може да се издвојат и неколку пикови. Во 90-те години на минатиот век, случаи на тортура во полициските станици и притворските одделенија во затворите бележиме во 1992 година по судирот на полицијата со демонстрантите кај Битпазар. Потоа, случаи на тортура има и во 1995 година пред и по демонстрациите поврзани со тогаш нелегалниот Универзитет на Тетово. За време и по демонстрациите во Гостивар и Тетово за употреба на албанското знаме, се знае за најмалку 200 случаи на тортура и сурово и понижувачко постапување со приведените лица во полициските станици.

Во 2001 година, пет мавровски градежни работници беа подложени на тортура од УЧК. Тој случај беше затворен со познатата одлука во парламентот за „автентично толкување на Охридскиот договор“ во 2011 година. За време на воената 2001 година, се бележат и стотици случаи на тортура и сурово, нечовечно и понижувачко постапување со приведените во полициските станици или во други објекти. Жртви на тортура не беа само осомничени мажи, туку меѓу нив имаше и жени и деца. Оттогаш датираат и случаите на исчезнати Македонци и Албанци, кои никогаш не беа решени.

И по 2001 година, тортурата не заминува од земјата. Дури и Кривичниот законик беше далеку од тоа да ја дефинира тортурата онака како што се дефинира во меѓународното право. Соодветно на тоа, и санкционирањето на тортурата изостанува.

Познати се, иако не се процесираат, а не добија ни посебно голема видливост во јавноста, случаите на тортура во кои жртви се Ромите. Исто така, далеку од доволно се познати и случаите на тортура и нечовечно и понижувачко постапување со мигранти од Сирија и други земји погодени со војна или екстремна сиромаштија и диктаторски режими.

Позитивни чекори: Законски измени, обуки, подобрување на условите

Има и позитивни чекори. Недостатоците во законската регулатива се коригираат со измените во КЗ во 2023 година, според кои тортурата, односно сите облици на насилство се криминализираат, а се подобрува и дефиницијата за кривичното дело силување.

Извештаите на меѓународните институции во своите извештаи ги бележат дека Дирекцијата за санкции спроведува поголем број проекти, меѓу кои и обуки за судии и обвинители, и значително ги подобрува условите во пенитенцијарните установи. Според извештаите, МВР ги подобрува условите во полициските станици и работи на превенција од тортура во полициските станици. Подобрувањата во оваа сфера се бележат во периодот на владеењето на коалицијата СДСМ-ДУИ, 2017-2024.

Пи-ар потсетници не се доволни: Тортурата вирее кога владее молкот

Иако се ретки оние што имаат можност, па и храброст да ја истераат правдата докрај, сепак, неколку случаи пријавени во Европскиот суд за човекови права завршуваат со пресуди, така што Северна Македонија доби обврска да исплати отштета на жртвите од тортура. Далеку од доволно. Вака невидлива во јавниот и политичкиот дискурс, оние што сметаат дека тортурата е прифатливо средство за постапување, немаат за што да се грижат.

Залудно е ако само уредниците и лицата задолжени за односи со јавноста во институциите, партиите или невладините, го стават 26 јуни во своите календари за наредната година да состават некоја порака или содржина. Тортурата е распространета низ целиот свет, а бројот на случаи постојано расте, особено по почетокот на целосната руска агресија против Украина. Но истовремено, расте бројот на институции и организации кои вложуваат огромни ресурси и напори за борба против тортурата и за поддршка на жртвите. Северна Македонија не е исклучок од негативните трендови, но затоа е многу успешна во нивното ставање под тепих.

Соочување со реалноста: Повик на акција

И покрај мрачната историја и бројните извештаи за тортура во Северна Македонија, неприфатливо е што ова прашање останува главно невидливо за јавноста и игнорирано од институциите, политичките чинители и граѓанското општество. Овој молк е дополнителен удар за жртвите и дамка на декларираната посветеност на државата кон човековите права и слободи. Единствено решение е колективно будење на сите споменати чинители. Тие мораат да ги отворат очите пред сериозноста на овие злоупотреби и да бидат решителни во носењето правда за жртвите.

Од суштинско значење е земјата не само да ги реформира своите закони туку и да обезбеди нивно ефективно спроведување. Тука работа имаат сите – политичките партии, парламентот, академската јавност, граѓанското општество и, неизоставно, медиумите. Меѓународните тела ќе продолжат да вршат притисок, но и да даваат поддршка за зајакнување на механизмите кои го штитат човечкото достоинство. Но ако изостанат искрени и ефективни чекори од домашните чинители, ние ќе останеме црна дамка на европската мапа. Само преку одржливо застапување и акција, Северна Македонија може да се придвижи кон иднината каде што тортурата е недвосмислено осудена и искоренета.

Перспективи: Не со молк, туку со силни заеднички напори и проекти

Сеприсутниот молк околу прашањето за тортурата во Северна Македонија е алармантен и укажува на широко распространето социјално и институционално слепило. Како што земјата (вели дека) оди напред кон ЕУ и демократскиот свет, повеќе од јасен императив е дека политичките лидери, граѓанското општество, академската и широката јавност и медиумите имаат обврска да ги препознаат и да ги признаат, а потоа и да работат на поддршка и правда за жртвите од тортура. Ова е исклучително важно прашање на човековите права и слободи.

Не со молк, туку со силни заеднички напори и проекти, а секако и со јакнење на јавната свест, можеме да се надеваме дека ќе ги заштитиме жртвите и ќе спречиме идни случаи на тортура.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Тортура“жртвиправда

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk