Албум на американскиот кантри-пејач Џони Кеш, под наслов „Songwriter“, постхумно беше објавен во петокот. Содржи 11 песни што музичарот ги напишал за време на неговиот живот.
Албумот е снимен 1993 година, кога Кеш ја менувал издавачката куќа, па кога го запознал Рик Рубин кој му понудил договор со „Американ рекордингс“, тој само ги оставил претходните песни настрана. Претходно снимал за „Колумбија рекордс“. Сепак, синот на Џони – Џон Картер Кеш и продуцентот Дејвид Р. Фергусон одлучија да го завршат албумот во којшто сега удел имаат и Марти Стјуарт, Винс Гил и Ден Оербах.
– Вклучените музичари и сега снимаа со тато, исто како што правеле многупати претходно. Ја знаат неговата енергија и движењата и му дозволувале да ги води, изјави синот.
Џон Р. (Џони) Кеш почина во септември 2003., на возраст од 71 година. Во својата кариера имал 170 синглови и над 90 албуми и компилации.