Поради поправка на затварач (Шибер) од ф 250 мм на ул. Методија Андонов – Ченто бб (кај Парк Ченто), утрово без снабдување со вода ќе бидат корисниците од населба Ченто, Општина Гази Баба.
Како што информираат од ЈП Водово и канализација Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на работитет за отстранување на дефектот.
Заради изведување водоводен приклучок од Ф-80 мм на ул. „Дебарца“ бр.63 во општина Центар сопрекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. „Дебарца“, дел од ул. „Дане Крапчев“ и ул. „Славка Недиќ“.
Како што најавуваат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:00 часот до завршување со активностите за изведување водоводниот приклучок .