ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Граѓаните денес се чуствуваат безбедно затоа што сме дел од НАТО, благодарение на посветеноста и одлучноста на СДСМ и граѓаните

July 9, 2024 12:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Граѓаните денеска се чувствуваат безбедно затоа што сме дел од НАТО, најмоќниот воен сојуз во светот, благодарение на посветеноста и одлучноста на СДСМ заедно и граѓаните, потенцира претседателот на СДСМ, Венко Филипче во објава на Фејсбук.

-Во 2020 година, благодарение на посветеноста и одлучноста на СДСМ и граѓаните, Северна Македонија стана 30 членка на НАТО. Со ова, земјата ја реализираше една од најважните стратешки цели која стоеше во програмите на сите политички партии од 1990 година па се до тој момент. Денес сме безбедна и стабилна држава, значајна и рамноправна членка на Алијансата, нагласи Филипче.

Тој потенцира дека патот до членство во НАТО не бил лесен, барал решителност, стратешка визија и пред сè, како што посочи, храброст да се донесат одлуки за доброто и иднината на граѓаните.

-СДСМ презеде одлучни чекори во оваа насока, уште со Преспанскиот договор во 2018 година, а 600.000 граѓани на реферундум го потврдија правилниот пат кој го одбра СДСМ. Одлучноста Северна Македонија да застане рамо до рамо со водечките светски демократии денес изгледа поважно од кога било. Во услови на војна на европско тло и светска нестабилност, нашите граѓани може да се чуствуваат безбедно затоа што сме дел од најмоќниот воен сојуз во светот, истакна лидерот на СДСМ.

Приклучувањето кон НАТО, додаде тој, ја зацврсти нашата национална безбедност, ја подобри нашата меѓународна позиција и отвори нови можности за економски раст и развој. Напомена дека преку членството во НАТО, СДСМ ја потврдил и посветеноста на партијата на развојот, демократските вредности, трајниот мир и безбедноста.

-Членството во Алијансата е придобивка за сите граѓани и секој политички чинител е должен да го негува и чува ова достигнување. Владата е должна да работи кон понатамошно унапредување на односите со Алинсата и земјите партнери во градење на цврста и долгорочна соработка. СДСМ останува посветена на носење одлуки кои служат за најдобар интерес на нашата нација. Ние веруваме дека само преку стратешко планирање, одлучност и ставањето на доброто на сите пред партиските интереси може да се надеваме на просперитетна иднина, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Tags: НАТОСДСМФилипче
Next Post

Десетици илјади граѓани на Газа повторно се во движење поради нови наредби на израелската војска

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk