Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал. Во бројни изјави, речиси хистерично ВМРО-ДПМНЕ велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е штетен и дека е пљачка на народот. Денеска Александар Николовски се тоа го фрли во вода, пу пу не важи. Од денеска е се различно, реагираат од СДСМ..
Оттаму велат дека „од денеска ВМРО-ДПМНЕ и Владата на Христијан Мицкоски ќе го реализира истиот Договор со Бехтел и Енка.
Почетокот на мандатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажува дека едно зборуваа како опозиција сега прават друго“, се вели во соопштението од СДСМ.
Птретходно денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски истакна дека Договорот со „Бехтел и Енка“ не може да се декласифицира без согласност од другата страна, „целта е да добиеме што повеќе километри за истите пари“, рече Николоски.
Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д, кој е касифициран како државна тајна, за да биде објавен потребна е согласност од двете страни. Наша главна цел ќе биде да добиеме што повеќе километри од тој договор, вели вицепремиерот за економски прашања и министер за транспорт Александар Николоски.
Поврзано: