Паузата меѓу двете полувремиња во финалето на Купот на Америка ќе биде подолга од вообичаеното.
– Паузата по првото полувреме ќе трае 25 минути наместо вообичаените 15. Ова се должи на настапот на Шакира, објави новинарот на ESPN, Диего Монроиг.
Во финалниот натпревар на турнирот ќе се сретнат селекциите на Аргентина и Колумбија. Натпреварот ќе се одигра во Мајами ноќта недела кон понеделник во 2 часот по македонско време.
Вечер во 2 часот по полноќ во меч за третото место во Шарлот ќе се соочат Уругвај и Канада.