ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Темелко: Почна обединувањето на Македонците во Албанија, прогласат на друштвото „Преспа” го потпиша МД „Илинден”

July 16, 2024 08:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на друштвото „Преспа” Едмонд Темелко информираше дека почнало „обединувањето на Македонците во Албанија”.

– Прогласат на друштвото за семакедонско помирување и обединување, што го објавивме пред десетина дена, денеска го потпиша Никола Ѓурѓај, претседател на  македонското друштво „Илинден” – Тирана. Ова е прв, но многу значаен чекор, кој потврдува дека Македонците се повеќе од свесни дека обединувањето е од суштинско значење. Уште повеќе кога се знае дека друштвото „Илинден” дава голем придонес во заштитата на македонскиот национален идентитет, јазик, култура, традиции, рече за МИА, Едмонд Темелко, прв човек на друштвото „Преспа“.

МД „Илинден” е едно од четирите македонски друштва во Албанија.

Според Темелко,  Ѓурѓај, кој е и главен и одговорен уредник на весникот „Илинден”, на друштвото „Преспа” му донирал примероци од изданијата на весникот.

Потсетува дека прогласат го упатиле „соочени со агресијата на бугарскaтa асимилација на Македонците во Албанија и свесни за последиците од антимакедонизмот на Софија во Албанија“.

– Да повторам дека со прогласот повикуваме на семакедонско помирување и обединување за одбрана на идентитетот на македонскиот народ – името, јазикот, културата, историјата и територијата, затоа што обединети и единствени сме посилни од сечија агресија и обиди за денационализација и асимилација, вели Темелко.

Посочува дека меѓу другото се бара одржување вонреден изборен конгрес на единствената македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ,  за сите органи на сите нивоа, заради кадровска консолидација и единство.

Исто така, се изразува подготвеност сами да организираат неформален попис на Македонците во Албанија, поради „недовербата во Институтот за статистика на Албанија“.

Tags: АлбанијаЕдмонд ТемелкоМакедонци
Next Post

ДКСК оформи предмет за патувањето на синот на Мицкоски во САД

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk