РИБАРО
И покрај силните горештини и препораките од владата – градежните работници да не се изложуваат на сонце дури трае портокаловиот аларм, се води мртва трка за тоа кој ќе биде „златна лопата“ на Вадата на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што дознава АХА, Мицкоски и Николоски засега се најголеми фаворити за престижното одличје што започна уште во време на владата на Груевски каде беспрекорно со титулата владееше Груевски, следен од Миле ми текна.
Премиерот на Нашата земја е цврсто решен да го задржи приматот на златна лопата иако во врат сигурно му дише потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт, Александар Николоски, велат од владата за АХА.
„Какви портокалови аларми и препораки, какви бакрачи. Има да фрлам лопати секаде, има да отворам сè што ќе ми падне при лопата. Јас кога беше ковидот си се шетав по теретани и кафани и не почитував ништо, па сега да почитувам? Ма не доаѓа во предвид“, рекол премиерот на Нашата земја, опфатен од очигледна еуфорија.
– Ама шефе ние – нашата Влада, ги даде препораките. Некако нема логика ние да препорачуваме, а да не ги почитуваме, малку срамота е. Башка малтртираме и работници да присуствуваат на настаните, на +40 степени. Лопатри почнаа да нè викаат граѓаните, се осмелил да му контрира советник на Мицкоски.
– А, бе ти, знаеш ли колку гласови освоивме на изборите, алоооо!, возвратил Мицкоски.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK