ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во чие заложништво нè носи Мицкоски?

July 23, 2024 10:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

Мицкоски и Орбан (Фото архива: Фејсбук/Христијан Мицкоски)

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на владата на Нашата земја Христијан Мицкоски, во интервју на Телма ТВ, за најавениот заем од Унгарија од 500 милиони евра, вели дека „на Орбан треба да му дадеме орден, да го прогласиме за херој“.

Мицкоски рече дека не знае од каде се обезбедени парите што Унгарија ќе и ги даде на земјава како заем.

„Ова е  договор за специјална соработка, влада помеѓу влада, врз основа на нашите потреби. Тука се моето лично пријателство и разговорите што ги водевме изминатиот период и сега, дека ако бидеме влада ќе ни треба подршка и таа поддршка ја добивме. На Орбан треба да му дадеме орден, да го прогласиме за херој што ни помага, даде конкретна поддршка. Заемот е Влада со Влада, а дали тие пари Владата на Унгарија ги обезбедува на отворен пазар или од сопствени средства, не знам. Мене ме интересира договорот кој ќе биде дел од закон, а не шверцерски протнат“, истакна Мицкоски во гостување на „Топ тема“.

Професорот од Виенскиот институт, Бранимир Јовановиќ, во разговор за Цивил Медиа и Градска, бара одговори на неколку прашува:

– Зошто земаме заем баш од Унгарија, а не, на пример, од Германија?

– Што мислат останатите ЕУ членки околу тоа?

– Дали Владата размислила околу последиците од ваквото зближување со Унгарија?

– Дали во приказната е некако вмешан поранешниот премиер и сегашен осуденик Груевски?

„Заемот од Унгарија отвори многу прашања, на кои сè уште чекаме одговор од премиерот Мицкоски. Каде може да се види целиот договор за заемот, со сите услови и клаузули? Ако заемот е толку поволен, зошто Унгарија би ни го дала, кога и самата не е позната како земја која плива во пари? Зошто земаме заем баш од Унгарија, а не, на пример, од Германија? Дали во приказната фигурира некако најпознатиот Македонец во Унгарија, поранешниот премиер и сегашен осуденик Груевски? Дали Владата размислила околу последиците од ваквото зближување со Унгарија во моментов, што мислат останатите ЕУ членки околу тоа, и како тоа може да влијае на нашите евроинтеграции? Дали Владата воопшто знае што прави, затоа што два месеца најавуваше задолжување од една милијарда и на крај испаднаа 500 милиони? Дали Владата знае зошто воопшто го зема овој заем, затоа што за помагање на фирмите, веќе постојат поповолни кредитни линии во државата, а за инфраструктурни проекти во општините не постојат ни проекти?“, прашува Јовановиќ.

Мицкоски во интервјуто на Телма, истакна дека нема што да ги прашува земјите членки на ЕУ што мислат за заемот од Унгарија и дека тоа е наша внатрешна работа. Тој нагласи ја има поддршката на над 450 илјади граѓани кои ја гласаа предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и дека заемот, ќе биде дел од закон што ќе помине транспарентна процедура, на владина седница и во Собранието.

Околу соработката со претседателскиот кандидат на САД Доналд Трамп, Премиерот не открива дали корпорацијата „Трамп“ ќе инвестира во земјава, но добредојдена е, вели, секоја соработка што е во интерес на државата, а особено онаа за потенцијални вложувања.

Според Мицкоски, соработниците на Трамп сакаат да соработуваат, а се разговарало за можни проекти.

На прашањето дали фирмата на Трамп ќе инвестира тука, Мицкоски истакна дека не би откривал детали.

Ј. Ѓ.

Tags: Бранимир ЈовановиќМицкоскиОрбан
Next Post
Фото: МИА

Потпишан договор за заем меѓу ЕБОР и АД МЕПСО за зајакнување на преносната мрежа

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk