Со новонастанатата ситуација на ширење на корона вирусот во земјава, а по препораките на Министерството за здравство и мерките на Владата, приватните скопски училишта „Алгоритам“ и „Максимилијан“ ја одржуваат наставата онлајн.


Поддржувајќи ја кампањата #СедиДома, а во интерес на општата безбедност, како и континуитет во наставата, наставниците ги адаптираат наставните програми и ја искористуваат технологијата во едукативни цели кога е најпотребно.

Имено, во Хрватска наставата ќе се одвива на еден од државните телевизиски канали, за да нема прекин во наставниот процес што би можело да ја продолжи учебната година.
А. Н. С.





