Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан синоќа во Виена се сретна со министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, со кого разговараше за европската интеграција на земјите од Западен Балкан.
„Се сретнав со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг во Виена за да ги потврдам нашите силни билатерални односи, соработката за помош на Украина и нашата посветеност на европската интеграција на земјите од Западен Балкан“, напиша О’Брајан на својот профил на мрежата X.