Новак Ѓоковиќ се пласираше во за него првото финале на Олимписките игрите на турнирот во тенис. Српскиот тенисер со со 6:4, 6:2 го совлада италијанецот Лоренцо Музети.
Ѓоковиќ пред преполните трибини на стадионот „Филип Шатриер“ ја забележа седмата победа против Музети.
Ривал на Ѓоковиќ во борбата во финалето за златото во недела попладне ќе му биде актуелниот шампион на Ролан Гарос и Вимблдон, Карлос Алкараз, кој претходно на Феликс Огер-Алиасиме му препушти само два гема за игра во два сета која траеше вкупно 76 минути.