ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Камчето на љубовта“ кај пингвините и неговите еквиваленти кај луѓето

August 7, 2024 13:11
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Папуанските пингвини обично важат за дружељубиви птици, но и прилично романтични. Како и другите видови пингвини, тие се парат доживотно, но создаваат и длабоки и трајни врски со нивните избрани партнери. Но, она што ги издвојува е нивниот посебен начин на изразување љубов – со камче…

За време на сезоната на парење, мажјакот го бара најмазното, најсовршеното камче што може да го најде. Потоа ѝ го подарува на избраната женка, во знак на наклонетост. Ако таа прифати, камчето станува темел на нивното гнездо и почеток на нивниот заеднички живот, пишува „Сајколоџи тудеј“ (Psychology Today).

Овој своевиден обичај зборува за длабоката поврзаност меѓу две единки од овој вид птици, но го нема само кај овие пингвините. Како што истакнува психологот Марк Траверс, и луѓето на пр. имаат свои „камчиња“ – едноставни, чувствителни гестови што ги користиме за да ја покажеме нашата љубов, внимение и наклонетост.

Се чини, тие „камчиња“, во самата суштина, означуваат – давање внимание. Кај луѓето тоа се едноставните подароци дадени од срце, сувенир за спомен, стара слика, цртеж од уличен уметник, а во развиената интернет-ера, таа симболика ја имаат и тн. „гифови“, „мемиња“ и видеоролни.

Споделувањето комични слики или куси видеа со определена и насочена порака, со којашто се цели уживањето и добриот впечаток кај „саканата“, според психолозите, е човековото „камче“ на денешнината. Комуниколошко испитување спроведено неодамна, потврди дека со споделувањето „мемиња“ се цели кон радоста на оние кои ни се драги.

Значи, се работи за намерен целисходен потег на поголема поврзаност, преку насмевката на личноста спроти нас. Тоа „камче“ на искреноста има и други облици…

Споделувањето музика, без разлика дали тоа е внимателно уредена МП-3 листа песни или веќе старомодните снимени аудиокасети и це-деа – сѐ тоа е добредојдено кај другата личност. Пораката е: Кога ќе го слушнам ова, мислам на тебе.

Секоја избрана и посветена песна е „скапоцен камен“ – намерно избран за да предизвикува чувства, спомени и трајни сеќавања.

„Таквата љубов вклучува грижа за доброто на другите, без оглед на тоа дали тие дејства се гледаат како идни придобивки за оној кој ги испраќа“, истакнува написот.

И подароците, без разлика дали се мали или поголеми и поскапи – важен е гестот на вниманието, воопшто – во човечкото однесување. Тоа, пред сѐ – му покажува на примачот дека неговите желби, потреби и вкусови не се незабележани.

Во добата на дигиталната комуникација, рачно напишаните писма може да имаат и поголема вредност, особено ако се засилени со сентиментални нишки реченици запишани „од срце“ и внимателно избрани зборови. Тоа може да биде најекспресивен и највпечатлив начин на изразување љубов кон другата личност.

Учтивоста е уште еден начин „да се подари камче“ некому. Потезите, односот и делата, водени од сочувство и љубов, покажуваат длабока грижа за благосостојбата на другите и желба таа да се подобри – без да се очекува ништо за возврат. Без разлика дали станува збор за утринска шолја кафе, завршена работа или поправка без „да се каже“, овие чинови на услуга се несебични дела коишто ја градат и зајакнуваат основата на љубовна врска – исто како камче во гнездото на два пингвина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: каменњаљубовпингвини
Next Post

Фирма на синот на Зоран Алексов донира заштитни маски за пожарникарите во вредност од 350 илјади денари

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk