Безбедносната ситуација околу планираниот напад на концертите на Тејлор Свифт во Виена беше многу сериозна и беше избегната трагедија, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер откако беа откажани три концерти на поп пејачката Тејлор Свифт. Бебзедносните служби потврдија дека е планиран напад на стадионот.
Нехамер на мрежата Х напиша дека благодарение на интензивната соработка на австриската полиција со странски служби, заканата била рано идентификувана и спречена е трагедија. Три концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажани откако владата потврди дека бил планиран напад на стадионот, објави организаторот.
Die Absage der Taylor Swift Konzerte durch die Veranstalter ist für alle Fans in Österreich eine herbe Enttäuschung. Die Situation rund um den offenbar geplanten Terroranschlag in Wien war sehr ernst. Dank der intensiven Zusammenarbeit unserer Polizei und dem neu aufgebauten DSN…
— Karl Nehammer (@karlnehammer) August 7, 2024
„Откажувањето на концертите на Тејлор Свифт од организаторите е горко разочарување за сите фанови во Австрија. Ситуацијата околу очигледно планираниот терористички напад во Виена беше многу сериозна. Благодарение на интензивната соработка на нашата полиција и новоформираната ДСН со странски служби, заканата беше рано идентификувана, сузбиена и спречена трагедија. Голема благодарност до службите за итни случаи кои во моментов истражуваат со полна брзина. Живееме во време кога се користат насилни средства за напад на нашиот западен начин на живот. Исламистичкиот тероризам ја загрозува безбедноста и слободата во многу западни земји. Токму затоа нема да се откажеме од нашите вредности како слободата и демократијата, туку уште пожестоко ќе ги браниме. Овие вредности се основата на нашето општество и не прават отпорни на екстремизмот и тероризмот. Важно е да останеме будни, да застанеме заедно и да преземеме решителна акција против исламизмот’, напиша австрискиот канцелар Нехамер.
Австриската полиција уапси вчера две лица осомничени дека планирале напади на концерти. Главниот осомничен (19) е уапсен во Терница, јужно од Виена, а второто лице во главниот град на Австрија – 19-годишникот се заколнал на верност на терористичката група ИД.
Дневниот весник „Кронен цајтунг“, пишува дека едниот од нив е 19-годишен Австриец со „македонски корени“, кој „живеел со семејството во градот Терниц“. Тој бил уапсен „под силно сомение за тероризам“. Вториот осомничен е Австриец од Виена, пренесува Цивил Медиа.
Свифт имаше закажани концерти на стадионот Ернст Хапел во Виена во четврток, петок и сабота.







