Младиот пијанист Јован Станковиќ од Куманово, освои второ место на меѓународен натпревар во Виена, Австрија. Станковиќ учествуваше на меѓународниот музички младински натпревар и во силна конкуренција од целиот свет го освои второто место, настапувајќи со дело на Шопен.
– Конкуренцијата беше многу силна, учествуваа пијанисти од Сингапур, Мексико, Хрватска, Макао, Австралија, Хонгконг, Бугарија, Филипини, Тајланд, Австрија, Украина, Унгарија, Грција. Нè оценуваа врвни професори, музичари од престижни факултети од Германија, Италија и Австрија. Имав незначителна трема при настапот. Задоволство е да се освои ваква награда и мотив да продолжам во иднина со учества на меѓународни натпревари, изјави четиринаесетгодишниот Станковиќ, кој бил единствениот македонски претставник на натпреварот.







