Реал Сосиедад очекува играчот од средниот ред Мартин Зубименди да се договори за преселба во Ливерпул, тврдат запознаени со ситуацијата во шпанскиот клуб, пишува The Athletic.
Атлетик претходно објави дека шпанскиот клуб бил свесен за интересот на Ливерпул за 25-годишниот фудбалер.
Ливерпул бара начин за потпишување на договор со Зубименди додека работи на зајакнување на тимот на позицијата 6, но донесувањето на шпанскиот репрезентативец е комплицирано поради клаузулата од 60 милиони евра што треба да се плати во целосна – ако клубот од Ла Лига не е подготвен да преговара за сума под таа бројка.
Доколку Зубименди побара да си замине од Реал Сосиедад, клубот ќе му ја исполни желбата.
Доколку навистина се согласи на преселба во Премиер лигата, тој ќе стане првиот играч по Чаби Алонсо кој го напуштил баскискиот клуб за да премине во Ливерпул.
Зубименди би бил првото засилување на Ливерпул под водство на новиот тренер Арне Слот.