На 898 ден од целосната руска воена агресија врз Украина, во неможност да ги оствари зацртаните цели на бојното поле, и особено по навлегување и брзото напредување на украинските сили на руска територија, Русија на 9 август изврши ракетен напад на супермаркет во градот Костијантинивка во Донецката област, при што загинаа најмалку 11 лица, а повредени се најмалку 37 други, соопшти Канцеларијата на јавниот обвинител на Украина.
Најпрвин гувернерот на Доњецката област Вадим Филашкин изјави дека градот бил под артилериски напад, но подоцна изјавил дека бил погоден од руски проектил Кх-38, пренесува Кијив индипендент.
Локалниот медиум Новости Донбаса ја сподели снимката од запалената зграда на супермаркетот „Екомаркет“ и разурнатата околина.
Оштетен е и товарниот оддел на Нова Пошта, најголемата поштенска услуга во Украина, кој се наоѓал во насочениот трговски центар, соопшти компанијата.
Еден од вработените се здобил со потрес на мозокот и му е укажана лекарска помош. Нова Пошта вети обештетување за уништените пакети, додавајќи дека не се уништени сите парцели.
Последиците од рускиот напад врз супермаркет во градот Костијантинивка во Доњецката област на 9 август 2024 година. (Вадим Филашкин/Телеграма)
Филашкин рече дека според прелиминарните информации во рускиот напад биле оштетени и четири куќи, девет продавници, перална за автомобили и 12 автомобили.
Се утврдуваат целосните последици од нападот.
„Нападот врз супермаркетот во Костијантинивка е уште еден случај на руски терор. Војната против цивилите е се што можат да направат“, рече на Телеграм шефот на претседателската канцеларија Андриј Јермак.
Операциите за пребарување и спасување се во тек. Некои луѓе остануваат заробени под урнатините, рече Зеленски.
„Русија ќе биде одговорна за овој терор“, напиша претседателот на својот канал Телеграм при што објави видео со последиците од рускиот напад врз супермаркет во Костијантинивка.
Костиантивка, како и другите населени места во Доњецката област, е под редовни напади на руските сили.
Во друг руски напад на локалниот пазар во Костинатинивка во септември 2023 година загинаа 17 лица, а над 30 беа повредени.
Драган Мишев / Цивил Медиа