Продолжуваат партиските препукувања околу бегството на Блерим Рамадани.
– Со пофални објави на нивните Фејсбук профили, џентлменот и претприемачот градител Изет Меџити и д-р % Арбен Таравари побрзаа да ја преземат заслугата за „ослободувањето“ на поранешниот војник на ОВК. МВР и Обвинителството мора да ги викнат на распит и да одговараат за нивната улога во „ослободувањето“ на Рамазан!, реагираат со соопштение од ДУИ
„Дали најконкретно Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши и Ќоку се согласуваат со ВМРО ДПМНЕ дека за бегството е одговорен судијата Пајазит Пајазити? Или пак, како сиот свет, сметаат дека е одговорно МВР? Како Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши, Ќоку ја коментираат одлуката на Врховниот суд со која се загрозуваат сите војници на Ослободителната војска на Косово да бидат екстрадирани во Србија? Недостигот на изборен легитимитет кој произлегува од волјата на народот те прави миленик на ВМРО, но те остава немоќен и не те прави ништо повеќе од слуга, слуга, без точка на достоинство“, се наведува во соопштението од ДУИ.
Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, избегал од куќен притвор, (мерка што ја одобрил судијата Пајазит Пајазити) од домот на роднини во земјава.
-Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето Б.Р. бидејќи во моментов е недостапно за органите на прогонот. МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето, потврдија од МВР.
Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август.
Содржината на налогот за апсење на Рамадани се заснова на сомневањата на Србија дека како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.