ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ со нови детали за бегството на Рамадани: Без контрола на граничниот премин Блаце бил пропуштен по наредба од Наим Рамука

August 23, 2024 12:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мицкоски и Тошковски вчера одмолчеа на прашањата кои ги постави СДСМ за бегството на Блерим Рамадани. Тошковски и МВР се скрија во глувчешка дупка бидејќи добро знаат дека информациите кои ги поседува СДСМ се точни и не може да ја скријат вистината за бегството на Рамадани, Затоа, како што најавивме, денес ги објавуваме сите информации кои ги добивме од свиркачи по што бараме ОЈО да започне итна истрага. Истовремено, потребна е неотповиклива оставка од Тошковски и сите лица за кои имаме информации дека се вклучени во организација на бегството на Рамадани, истакна на прес-конференција пратеникот од СДСМ, Митко Трајчулески.

„Како што вчера објавивме и според информациите до кои дојде СДСМ, на 10.8. додека Блерим Рамадани требало да биде во куќен притвор, тој всушност бил на Косово.

За неговиот транспорт до Косово бил задолжен ни помалку ни повеќе, туку Началникот на северната граница со Косово, Наим Рамука. Човек кој е неодамна поставен на оваа позиција од Тошковски.

Согласно информациите, Наим Рамука со возило Рено, го земал Блерим Рамадани од живеалиштето каде бил во куќен притвор. Од таму се упатиле кон границата со Косово кај Блаце и во 18 часот и 40 минути, по лентата за товарен сообраќај, ја поминале границата без никаква контрола.

Наим Рамука, за потсетување, е истиот началник на Тошковски кој ги пропушти Гаши и сватовите да поминат без контрола на истата граница.

Потоа, вечерта на 10.8, на ист начин, без контрола Рамука и Рамадани ја поминуваат назад границата кон Македонија и Рамадани се враќа во живеалиштето каде требало да биде во куќен притвор.

Одиме понатаму.

На 14.08, четири дена подоцна, односно на денот кога Рамадани официјално ја напушта државата, преку границата го носи друго лице.

За транспорт, овој пат со возило марка Фолксваген Пасат и скопски регистарски таблички, е задолжено лице вработено во општина Чаир како раководител. Неговиот идентитет нема да го откриеме и ќе почекаме тоа да го направи ОЈО.

Ова лице и Блерим Рамадани на границата со Блаце биле пропуштени од раководителот на смена без контрола, кој пак добил директна наредба да ги пропушти од погодете кој, Наим Рамука.

Раководителот од општина Чаир го носи и остава на Косово Блерим Рамадани и за многу кратко време се враќа назад и повторно ја поминува границата без никаков документ. Според информациите, тој немал ниту лична карта ниту пасош со себе, но по наредба бил пропуштен да помине назад.

Почитувани граѓани, ова е скандал од светски размери.

Прашуваме, што правел Тошковски и полицијата додека со часови Рамадани бил надвор од државата? Како е тука виновен било кој друг освен МВР што криминалец баран со меѓународна потерница, се шета преку границата кога сака и како сака.

Има ли поголем доказ дека ова е акција на МВР со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ за да се пушти Рамадани на слобода?

Ќе молчи ли повторно Тошковски за неговата вмешаност во овој скандал? Ќе продолжи ли да го брани Наим Рамука кој очигледно ја има приватизирано границата за свои политички потреби со амин токму на Тошковски?

Ќе има ли конечно одговорност или Мицкоски и Тошковски ќе продолжат да ја префрлаат вината на други?

СДСМ бара:

ОЈО веднаш да отвори постапка за организирано пуштање на слобода на затвореник од страна на лица вработени во МВР и Општина Чаир.

Да се истражи кој се учествувал во пуштањето на Рамадани и да се покренат постапки против сите. Доколку ова не го направи ОЈО, ќе сметаме дека го штити МВР и Тошковски од одговорност, но и сите останати инволвирани во овој случај.

Бараме Тошковски итно да поднесе оставка, а пред тоа да го направи, да ги разреши сите кои тој ги поставил на границата со Косово почнувајќи од Наим Рамука кој се однесува како шериф на границата.

Секако, Рамука ова не би го правел без амин од Тошковски, затоа двајцата мора да заминат. Му порачуваме да не се обидуваат преку жртвени јагниња од пониските ешалони да ја покриваат својата одговорност.

Бараме итна и неoдложна одлука за декласификација на камерите и снимките од границата за јавноста да ги види и се увери во нашите информации. Доколку ова не се направи, јасно е дека Тошковски сака да ја сокрие вистината. ОЈО и истражните органи, многу лесно може да ги проверат овие наводи преку камерите, но и граничниот систем за контрола на патници“, истакна Трајчулески.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бегствоРамаданиТошковскиТрајчулески
Next Post

Куртоа: Додека Тедеско е селектор, нема да играм за Белгија

НАЈНОВО

Ацевски: Нашата визија е човекот пред профитот, нивната визија е брз профит – Ќе добие ли Имер Селмани нови згради во Ѓорче под превезот на „населба за млади“?

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Трамп го повика претседателот Херцог да го помилува Нетанјаху

October 13, 2025
Скриншот

Вучиќ: Граѓаните да бидат мирни, нема да има недостиг од нафта и нафтени деривати

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk