ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Куртоа: Додека Тедеско е селектор, нема да играм за Белгија

August 23, 2024 12:25
in ДЕНЕС, СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

Од претходно беше познато дека Тибо Куртоа и Федерико Тедеско не се на иста бранова должина, но одличниот голман на белгиската фудбалска репрезентација сега јавно објави дека нема надеж за него во репрезентацијата се додека го води актуелниот селектор.

Во пресрет на новата сезона во Лигата на нации, искусниот чувар на мрежата се огласи на платформата Х и пред да го објави својот избор, прво и објасни на нацијата колку навистина сака да игра за земјата.

-Сакам да испратам порака до сите навивачи на Белгија и оние кои ја поддржуваат нашата репрезентација. Чувствувам неверојатна љубов и чест кога ја претставувам мојата земја на теренот, бидејќи и самиот сум навивач на „црвените ѓаволи“. Се чувствувам привилегиран што сум способен да го облечам дресот на Белгија, што не можев да замислам ниту во најлудите соништа, тврди поранешната „единица“ на Генк, Атлетико Мадрид и Челси.

А потоа се фати за работа и го впери прстот кон младиот Италијанец на клупата на „црвените ѓаволи“. И ја стави Федерацијата на таа земја пред избор – него или шефот на стручниот штаб, кој им дава предност на играчите во добра форма.

-За жал, по она што се случи со селекторот и моето размислување, решив дека повеќе нема да играм за Белгија додека тој е селектор. Го прифаќам мојот дел од одговорноста во ова. Сепак, гледајќи напред, мојата недоверба кон него не би била добра за атмосферата во соблекувалната. Од Федерацијата, со која имав дискусии, го прифатија мојот став и причините што доведоа до оваа болна одлука. Жал ми е што може разочарав некои навивачи, но убеден сум дека ова е најдобриот начин за Белгија, бидејќи му овозможува на тимот да се фокусира на остварување на своите цели, заклучи Куртоа.

Куртоа не беше во составот на Белгија за ЕП 2024 година, иако по скинатите лигаменти на коленото и пропушти добар дел од минатата сезона, бранеше за Реал во финалето на Лигата на шампионите што го добија против Борусија Дортмунд. Тој нема играно за својата земја од јуни 2023 година.

Tags: КуртоаТедеско
Next Post

ОН: Раселени се околу 90 отсто од жителите на Појасот Газа

EVN

НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

April 18, 2026

ЗНМ бара максимална транспарентност при изборот на новото раководство на МРТ

April 18, 2026

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk