ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Таравари: Хирургија функционира, но не се полн капацитет

August 23, 2024 20:00
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Арбен Таравари се надева на позитивен исход од вториот повик за компресорскиот систем за операционите сали на Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје за да се постваи целата инсталација.

Каоко што рече Таравари вечерва во гостување на ТВ Канал 5, хируршките сали функционираат, но не со полн капацитет.

– На правата објава не се јави ниту една фирма. Од Служба за општи и заеднички работи презеде Министерството за здравство да направи втора објава, се надевам дека во втората објава ќе се пријави некоја компанија што поскоро да ја инсталираме целата инсталација, рече министерот Таравари.

Тој изрази надеж за нов тендер за реновирање и нови сали, при што, како што дополни, ќе направат план пациентите да се третираат во другите болници и ќе инсистираат другите болници од периферијата, што имаат услови, да не ги праќаат пациентите во Скопје.

Во однос на времето на чекање на пациенти за операција, тој посочи дека државава има најкраток период на чекање.

Осврнувајќи се на состојбата и со Ковид и третманот на пациентите, министерот информираше дека имајќи предвид дека сега сите случаи на овој вирус се полесни, ставот на Комисијата за заразни болести, како што рече, е пациентите кои боледуваат од некоја болест и се заразени со ковид, да се третираат во институциите на примарната болест, само да се викне инфектолог да се даде дополнителна терапија.

Прашан за назначувањето на нови директори, конкретно за директорот на Здравствен дом кој е со диплома за туризам, министерот рече дека не секогаш докторите можат да водат некоја институција подобро.

– Јас секогаш сум инсистирал дека јавните здравствени установи е најдобро да ги раководат доктори, меѓутоа не секогаш докторите можат да раководат подобро. Здравствените институции може да ги води економист, доктор, стоматолог, фармацевт, рече министерот.

Во врска со најавите за преселба на Центарот за зависници од наркотици во центарот на Скопје, министерот информираше дека разговарале со професионалци и увиделе дека најдобро е пациентите да бидат распределени.

– Најдобро е овие луѓе да бидат распределени. Целта е да ја земаат терапијата од две-три места. Уште немаме назначено места каде ќе ја земаат терапијата. Доколку можеме во филијалите на Здравствен дом да организираме места каде што тие би се распределиле во групи и не би биле стигматизирани од општеството, рече  Таравари.

Tags: Тараварихирургија
Next Post

Петровска: Целосно размонтирање на случајот за убиството пред Мавровка - МВР криеше кои се убијците

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk