ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општините во борба со корона вирусот, одделни политички партии остануваат да се борат за политички поени, ЦИВИЛ со нова реакција

Општините се вклучуваат во борбата против корона вирусот. Градоначалниците и на општините Куманово, Штип и Прилеп објавија дека ги ставаат на располагање општинските капацитети во борба против корона вирусот со воведување услуги за помош на ранливите категории граѓанки и граѓани.

March 15, 2020 20:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Општините се вклучуваат во борбата против корона вирусот. Градоначалниците и на општините Куманово, Штип и Прилеп објавија дека ги ставаат на располагање општинските капацитети во борба против корона вирусот со воведување услуги за помош на ранливите категории граѓанки и граѓани.

Така, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски објави дека општината формира мобилни тимови за помош на сите стари, изнемоштени лица, лица со попреченост, лица кои поради различни причини имаат потешкотии со движењето или спаѓаат во категоријата на лица во ризик со цел да им се олесни секојдневното функционирање на оваа категорија граѓани и да не се изложуваат на дополнителна опасност.

Помошта на мобилните тимови ќе се состои од набавка на намирници, подигање на лекови од аптека и нивна достава до живеалиштето, како и плаќање на сметките.

Бочварски најави дека помошта започнува од понеделник, 16 март. Сите на кои им е потребна помош на територијата на општина Штип, можат да се обратат на телефоните 078 472 621 и 032 226 623 од 7:30 до 15:30 часот.

Со слична акција започнува и општина Куманово од каде што пристигнува следното соопштение:

Поради ситуацијата со корона вирусот во државата, од денес 15.03.2020 (недела), општина Куманово воведува услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани. Овие категории на лица ќе можат да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 719 494, по што од страна на лице од општината ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови, а за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, на денешната прес конференција соопшти:

„Од денеска, практично од овој момент, воведуваме телефонска линија со број 048 / 401-700, на која стари, болни, изнемоштени и возрасни лица со хронични заболувања, како и лица со посебни потребни, секој ден од 8 до 18 часот, ќе можат да побараат помош за набавка и достава на намирници за храна, лекови и други средства за лична хигиена и дезинфекција“.

Градоначалниците упатија и апел до граѓанките и граѓаните да продолжат да ги следат насоките од надлежните институции со цел да се придонесат кон поголема заштита на самите себе и на останатите граѓани.

За жал, не престануваат ни обидите да се приберат и политички поени, без оглед на тоа колку своеволното и некоординирано дејствување може да биде опасно по јавното здравје. Мониторингот на ЦИВИЛ нотира дека, надвор од координација со релевантните институции на национално и локално ниво, одредени структури, се јавуваат со паралелни активности.

Мониторингот ја издвојува информацијата за УМС на ВМРО-ДПМНЕ кои на граѓанките и граѓаните на Штип им понудија паралелни услуги идентични на оние што ги предлага и општината преку своите официјални канали. Понудата на УМС е придружена со манипулативни пораки со цел да донесат нечесна политичка добивка, без оглед на опасностите кои се кријат во ваквото неодговорно однесување.

ЦИВИЛ и претходно остро реагираше на постапките на одделни политички партии кои се обидуваат да се стекнат со политички поени на сметка на јавното здравје. Организацијата го оценува ваквото однесување како крајно несериозно и опасно по здравјето на луѓето.

„Пандемијата мора да се сфати сериозно! ЦИВИЛ бара од политичките партии да престанат да ја злоупотребуваат пандемијата и да си поигруваат со здравјето на граѓанките и граѓаните само за да се здобијат со политички поени. Сега е време да покажат одговорност и кон себе и кон своите членови и активисти, но и кон сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија“ – се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

Тимот за комуникации на ЦИВИЛ и денеска реагираше на неодговорното однесување на одделни политички структури и упати повик до институциите да преземат законски мерки против самоволието и противзаконското дејствување, како на поединци, така и на политичките структури.

„Доколку се искрени во своите намери, политичките партии, наместо да ги опструираат, можат да им се приклучат на институциите во борбата против ширењето на корона вирусот. Наместо да ги доведуваат во опасност од заразување и своите активисти и сите околу нив, треба да ги следат и почитуваат мерките што ги носат Владата и институциите.

Next Post

Спасовски: Од нас зависи, апелирам до сите, особено до младите, да останат дома

НАЈНОВО

Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk