ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

СЕГРЕГАЦИЈА: „Посебните училишта“ се дел од мрачното минато – и таму треба да останат!

September 10, 2024 15:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Вниманието на еден текст за инклузивното образование, објавен на Нетпрес, ми го сврте еден жесток коментар на колумнистката и универзитетска професорка Емилија Целакоска. Текстот го пишува извесен виш просветен инспектор во пензија. На крајот од текстот преполн со фрапантни конзервативни ставови, авторот дава препорака да се вратат „посебните училишта“ за лицата со попреченост или, како што тој ги нарекува „попречени лица“ (не е смешно). Воедно, низ текстот и во „препораките“ тој (крајно паушално) ги дисквалификува УНИЦЕФ и поранешната влада кои ги укинаа посебните училишта и ги интегрираа во редовното образование. Непотребно е да се нагласи дека се работи за веќе вообичаена пракса во земјите во кои веќе одамна владеат принципите на недискриминација и инклузивност. Тоа треба да е познато од општа култура.

„Препораките“ за враќање на „посебните училишта“ не би го заслужил вниманието на авторот на овие редови да не беше споменатиот текст напишан на начин што побудува сомнеж дека е увертира во менување на законот, односно враќање на антихуманата сегрегација во образованието. Тој заклучок може да се извлече и од неодамнешните потези на владата на Мицкоски со кои не беа обезбедени образовни асистенти, за потоа да се најдат разни изговори, меѓу кои и оној смешниот – дека не може однапред да се знае бројот на ученици што имаат потреба од асистенција.

Што се однесува до „препораката“ за враќање на сегрегацијата, знам добро за што зборувам. Пред 24 години, во 2000-та, токму ЦИВИЛ, во соработка со неколку активисти и Фондацијата Благовестие, но и со поддршка на владата на ВМРО-ДПМНЕ што во тоа време ја водеше Љубчо Георгиевски, ја промовира идејата за деинституционализација.

Дури две децении подоцна, владата на Зоран Заев, со Мила Царовска, како поранешна министерка за труд и социјална работа, а подоцна и за образование, конечно го почнаа и спроведоа процесот на деинституционализација. Царовска го најави овој процес во говорот на конференцијата на ЦИВИЛ „Перспективи 2019“. Таа тогаш на говорницата, а потоа и во ФБ објава кажа: Со процесот на деинституционализација покажавме дека заштитата на човековите права е наш приоритет. Реформата за социјалната заштита чека во парламентот и се надевам дека пратениците ќе ја изгласаат со консензус затоа што со неа ја намалуваме сиромаштијата, но и детската сиромаштија.

Токму така, се работи за заштита на човековите права!  

И сега, некој таму заговара враќање на институциите на ужасот за една категорија наши најмлади сограѓанки и сограѓани. Институции на ужасот ги нарекувам затоа што самиот знам како изгледаа „посебните“ или „специјалните“ институции. Прво, како новинар на политичкиот магазин „Форум“ во 1999, а потоа и како активист на ЦИВИЛ во 2000 година.

Текстот што го споменав на почетокот, а уште повеќе можноста, макар и најмала, за враќање на „посебните училишта“ ми предизвика гадење и револт. Немам посоодветни изрази од оние во ФБ објавата на проф. Целакоска за идејата за повторна сегрегација: Смрдите до небо фашисти! На децата им беше добро со инклузија сѐ додека не ја извадивте главата од под земја и тргнавте во зомби поход со неостварената желба за нивна сегрегација! Тие деца ли ви пречат најмногу од сѐ? Ама ако ви се собереме, лесно ќе најдеме што вистински ви пречи!

Неприфатливо е ваквото резонирање, дури и да е само бладање на некој си пензионер, бидејќи се работи за некој што го поминал работниот век како просветен инспектор. Тоа покренува и други, навистина тревожни прашања.


Teкстот е личен став на Авторот. Извор: ЦивилМедиа

Фото: ЦИВИЛ

РАФАЛ е рубрика што се отвори на крајот на април 2017 година. Точно 110 колумни објавени во таа рубрика се дел од истоимената книга од Џабир Дерала во издание на ЦИВИЛ, објавена во мај 2018 година.

Next Post
Архивска фотографија. Фото: МЕТА

(ФОТО) Во долги редици на дожд, студентите со часови чекаат легло во студентскиот „Гоце Делчев“

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk